Седум проблеми кои мора да ги споделите со гинекологот



Ако ве облева пот кога треба да влезете во ординацијата на вашиот гинеколог, имајте на ум дека е најважно да бидете отворени и на докторот да му го изнесете секој проблем што се однесува на репродуктивното здравје. Еве неколку проблеми кои жените најчесто ги премолчуваат пред гинекологот.


Болен сексуален однос

Околу 15 проценти од жените, во различни фази од животот, чуваствуваат непријатност и болка во текот на сексуалниот однос. Овој проблем не смеете да го занемарувате. Укажете му прво на партнерот, а потоа секако и на својот гинеколог. Тој ќе провери дали постои некое заболување што е причина за таквата состојба. Нема причина да се трпи каква било болка, ниту да ви биде непријатно да побарате помош за решавање на интимните проблеми.


Страни: 1 2 3 4 5 6 7 8