На денот на Божиќ христијаните стануваат многу рано и одат на утринска литургија, се причестуваат, а потоа одат дома, каде е подготвена богата трпеза.
Обичај е и цел ден на маса да има пченица во која е поставена свеќа. Ова природно зеленило е украс на божиќната маса, а симболично претставува умирање и повторно раѓање на природата, а во христијанската вера е благослов за летнината.
Тој ден луѓето го празнуваат во својот дом, а по ручекот одат да честитаат Божиќ на роднините и пријателите. Коледарењето порано се правело со пеење традиционални божиќни песни, а обичај бил домаќинот да ги дарува коледарите.
Православните верници вториот ден го прославуваат во чест на Пресвета Богородица, а третиот ден на Божиќ се одбележува како празник на Свети Стефан, првомаченик кој бил каменуван поради својата вера.
Симболи на Божиќ