Погача
Таа се смета за исклучително важен обреден колач. Рано наутро на Божиќ домаќинката замесува тесто од кое пече погача која се вика чесница. Во неа се става метална паричка, од горе се боцка со гранче од бадник и таа погача има улога на славски колач на Божиќ. Кога погачата ќе се испече, се изнесува на маса, каде е веќе поставен божикниот ручек.
Погачата се крши на толку делови колку што има членови на семејството во домот. Тој кој ќе го добие парчето во кое е паричката, според народното верување ќе биде среќен цела година. Кога ќе се заврши кршењето на погачата, домаќините меѓу себе го честитаат празникот и седнуваат на трпезата.