Еве што ве очекува според хороскопот за месец август



Вага


Кариера и пари:

Август ќе биде одличен период за докажување на вашите таленти и способности. Исто така, ќе имате можност да учествувате во многу тимски проекти, а во некои од нив може да бидете лидер или координатор. Тоа ќе ви биде главната шанса да се докажете. Време е да почнете да ги штедите вашите пари, никогаш не знаете за што ќе ви затребаат.


Здравје:

Ќе бидете во многу добра состојба, и физички и психички. Ќе имате многу енергија и че зрачите со позитивно расположение.


Љубов:

За првиот дел од август, Венера ви препорачува да направите баланс помеѓу работата и приватниот живот. Можно е да почнете да флертувате со некој ваш колега од работа, иако знаете дека тоа е погрешно. Вториот дел од месецот ќе ви донесе многу социјални настани, каде ќе запознаете некој кој ќе успее да ви остане во мислите. Оние кои се во сериозна врска или брак, ќе бидат преокупирани со финансиските проблеми.

Совет: Создадете нови пријатели.

Шкорпија

Кариера и пари:

Koнечно работите ќе се помрднат од мртва точка. Марс, вашиот водач, конечно ќе излезе од лошата позиција, каде беше последниве неколку месеци. Исто така, овој месец во вашата куќа на кариерата ќе бидат Јупитер, Сонцето, Меркур и Венера, што значи дека ве очекува престиж, интелигенција, комуникација, популарност и многу шанси за успех. А онаму кајшто е успехот, таму се и парите!

Здравје:

Иако овој месец ви ветува сентиментални и професионални задоволства, вие константно ќе бидете загрижени за вашето здравје. Бидете внимателни и намалете со агресивноста.

Љубов:

Во вашата куќа на љубовта, овојпат ќе биде планетата Нептун, која ќе ви ги подобри односите во вашата врска. Од друга страна, Венера, водичот на вашата куќа на парови, ќе ве предупреди дека во првите денови од август може да доживеете неочекувани компијации во врската. Оние кои не се во врска, на своето летување ќе запознаат личност со која ќе делат исти интереси и мислења.

Совет: Обидете се повеќе да се релаксирате.

Страни: 1 2 3 4 5