Еве што ве очекува според хороскопот за месец август



Стрелец


Кариера и пари:

Веројатно веќе сте почнале да го чувствувате импулсот на знаење или искажување на вашата интелигенција, бидејќи Јупитер, вашиот водич, ќе биде во вашиот знак. Овој месец ќе ви биде исполнет со службени патувања или работи поврзани со туризам. Што се однесува до парите, препорачливо ви е да бидете внимателни, затоа што многу лесно можете да ја потрошите вашата заштеда.


Здравје:

Сонцето, Јупитер и Уран ќе ја стимулираат вашата енергија и желба за акција. Но, Венера, водачот на вашата куќа на болести ќе биде во непријатна позиција. Значи, внимавајте на себе и избегнувајте ризици.


Љубов:

Август може да ви почне со вести од некоја личност која живее далеку од вас. Може да се работи за некојкој живее во друг град или друга земја, за некој кој сте го запознале онлајн, или пак некој кој сте го запознале на овогодинешното летување. Како и да е, љубовта ќе ви отвори нови хоризонти. Очекувајте на некое патување да запознаете неколку личности со кои ќе започнете да флертувате.

Совет: Бирајте ги внимателно вашите пријатели.

Јарец

Кариера и пари:

Се чини дека август ќе биде доста активен месец во полето на финансиите. Можно е да инвестирате во вашите идеи кои ќе ви донесат екстра приход. Шансата за инвестирање ќе дојде преку вашите родители или вашиот партнер.

Здравје:

Во првиот дел од август Сонцето ќе биде во деликатна позиција, што може да ви донесе бројни настинки и намалување на виталноста.

Љубов:

Венера ќе премине во вашата куќа на љубовта, носејќи ви хармонија, исполнување и среќа во љубовта. Ќе имате голема потреба од внимание, а во

исто време и потреба за заведување. Доколку не сте во врска, овој месец обидете се да започнете со состанување со некоја личност, бидејќи многу е веројатно токму месецов да ја пронајдете вашата сродна душа.

Совет: Не избрзувајте во донесувањето на одлуки.

Водолија

Кариера и пари:

Во текот на целиот месец, нема да имате причина да се жалите дека ви е досадно. Август ќе биде месец полн со амбиции и натпреварување. Од друга страна пак, можно е да бидете принудени да донесете одлуки кои не ви се допаѓаат. Последната недела од абгуст ќе ви биде најсреќна од финансиска гледна точка.

Здравје:

Овој месец ќе ви треба повеќе хармонија и разбирање. Наполнете ги батериите на некое кратко викенд патување.

Љубов:

Јупитер ќе премине во вашата куќа на паров, а кон средина на месецот ќе ѝ се придружат и Сонцето, Меркур и Венера. Јупитер ќе ви донесе гордост кога станува збор за љубовта, Сонцето и Меркур ќе ви го зголемат нивото на комуникација и енергија, додека пак, Венера ќе ја зачини вашата врска со страст и еротика. Доколку не сте во врска, кон крајот на месецот можно е да доживеете кратка авантура.

Совет: Дружете се со луѓе кои ги делат вашите мислења.

Риби

Кариера и пари:

Доклку не сте на одмор или не отсуствувате од работа, во августе можете да уживате многу професионални задоволста. Користејќи ги вашите вештини и таленти, вие ќе имате можност да сјаете и да се истакнете на работното место. А што е најважно – ќе бидете наградени за вложениот труд.

Здравје:

Медицинските прегледи, лекувањата, диетите ќе имаат подобар ефект. Но, внимавајте: Обидете се да им одолеете на искушенијата!

Љубов:

Бран на сензуалнот ќе премине низ вашиот емотивен живот во првата недела од овој месец. Венера, планетата на љубовта, ќе биде во вашата куќа на страста. Ќе биде во многу добра позиција, а тоа ќе ви донесе бројни романтични моменти, желба за авантура, еротско завоволство и можност за ново заљубување. Накратко, овој месец ќе биде многу дарежлив кон вас кога станува збор за љубовта.

Совет: Време е да направите некои промени во вашето секојдневие.

Страни: 1 2 3 4 5