Еве што ве очекува според хороскопот за месец август



Лав


Кариера и пари:

После многу години, Јупитер повторно ќе ве посети и тоа на 16-ти август 2014, сѐ до 11-ти август 2015. Престојот на Јупитер во вашиот знак значи дека ова ќе ви биде најсреќниот месец во годината од професионален аспект. Искористете го со тоа што ќе побарате работа на повисока функција.


Здравје:

Ќе бидете во одлична здравствена состојба овој месец. Ќе бидете многу активни и во добро расположение, што значи, нема причина за загриженост кога станува збор за вашето здравје.


Љубов:

Јупитер влезе во вашиот знак, каде ќе остане сѐ до август наредната година. Во текот на престојот на Јупитер, ќе забележите поголем оптимизам, ентузијазам и желба за сексуална авантура. Вашиот среќен љубовен период ќе започне на 12-ти август, кога Венера ќе премине во вашиот знак со што ќе ви донесе сензуалност и среќа во љубовта. Многу е веројатно овој период да запознаете некоја личност со која понатаму ќе сакате да го поминете остатокот од вашиот живот.

Совет: Понекогаш, помалку е повеќе.

Девица

Кариера и пари:

Просфесионално, првите две недели од август ќе ви бидат помалку активни, со што тој период можете да го искористите за одмор и релаксација. Веќе вторите две недели од август ќе ви бидат поактивни и подинамичи. Тогаш ве очекуваат многу нови дипломатски контакти во кои можете да увидите шанса за понатамошен успех. Финансиски, август може да ви донесе непредвидени трошоци.

Здравје:

Ова е месец во кој најважно ќе биде да се одморате. Овој месец ќе ви биде карактеристичен по намалувањето на вашата енергија. Затоа, медитирајте, читајте книги вежбајте, бидејќи на тој начин ќе можете да си ја вратите енергијата.

Љубов:

Август ви носи социјализација, вклучување во некоја организација каде ќе запознаете многу нови интересни личности, кампување и многу други интересни активности. Венера, планетата на љубовта, која е водичот на вашата куќа на парови, ќе биде во деликатна позиција, со што, можно е љубовно разочарување. Оние кои се во врска треба посебно да внимаваат, бидејќи многу лесно можат да го загубат партнерот.

Совет: Бидете внимателни додека патувате!

Страни: 1 2 3 4 5