Еве што ве очекува според хороскопот за месец август



Близнаци


Кариера и пари:

Август ќе биде доста динамичен месец, обележан со многу состаноци и службени патувања. Ќе имате многу работа и ќе чувствувате напнатост на сите страни. Но, со вашиот хумор и оптимизам, ќе имате доволно сила да се справите со сите проблеми. Во првите две недели од овој месец вашата финанскиска состојба ќе биде подобра отколку во вторите две.


Здравје:

Треба да бидете многу внимателни во врска со вашата здравствена состојб, бидејќи сврзувањето на Марс со Сатурн може да ви предизвика неволји.


Љубов:

Во текот на овој месец, ќе ве привлекуваат луѓе кои ги делат вашите мислења, а дури е можно со таква личност да започнете страсна љубовна врска. А доколку сте во врска, претстојниот период може да ви донесе мали несогласувања со партнерот околу вашите цели и интереси.

Совет: Испланирајте си ги однапред предвидените обвсрки.

Рак

Кариера и пари:

Во средината на минатиот месец, Јупитер влезе во вашата куќа на пари, каде ќе остане сѐ до 11-ти август 2015. Тоа значи дека ве очекува 12-месечен период на просперитет. Исто така, овој месец ќе имате можности да го зголемите вапиот приход.

Здравје:

Доколку се интересирате во спорт, можете да почнете да тренирате за да го доведете вашето тело до совршенство. Доколку сте бремени и треба да родите набрзо, трудете се што повеќе да избегнувате стресни ситуации.

Љубов:

После една година престој, Јупитер ќе си замине од Рак. Емоционалноста се чини дека ќе се смири овој месец. Првиот дел од август, Венера ќе биде во Рак, а тоа ќе ви донесе шарм и моќ на заведување. Вториот дел од месецот може да биде поинтензивен, бидејќи Марс, планетата на страста ќе се сретна со сатурн, водачот на вашата куќа на парови.

Совет: Избегнувајте финансиски загуби.

Страни: 1 2 3 4 5