Еве што ве очекува според хороскопот за месец август



Овен


Кариера и пари:

Марс, водичот на Овен, овој месец ќе се сретне со Сатурн, вашата куќа на кариерата. Накратко, август ќе биде амбициозен месец во кој парите ќе ви бидат главна тема. Добро размислете пред вложување на вашите пари, бидејќи постои можност да се соочите со некои финансиски ризици!


Здравје:

Неодамна сте започнале со вежбање, и тоа влијае добро на вашето тело и ви ј зголемува енеријата. Од друга страна, препорачливо е да бидете внимателни кога се работи за вашето здравје бидејќи сврзувањето Марс-Сатурн може да ви донесе непријатни изненадувања.


Љубов:

Конечно среќата ќе ви се насмевне и вам! Марс си заминува од вашата куќа на парови после 8 месеци, кои не беа баш пријатни. Овој месец Јупитер ќе влезе во вашата куќа на љубовта и еротиката, ветувајќи ви месец полн со страст. По Јупитер, и Сонцето, Меркур и Венера ќе влезат во вашата куќа на врските, што значи дека пред вас е месецот на љубовта, искористете го најдобро што можете.

Совет: Не изложувајте се на стрес.

Бик

Kaриера и пари:

Овој месец потполно ќе можете да се потпрете на вашето семесјтво во сѐ што ќе правите. Тие ќе ви помогнат финансиски доколку е потребно. Август ќе го паметите како можност за нови договори и започнување со приватен бизнис. Кога станува збор за парите, ќе сакате она што сте го заштедиле да го вложите во недвижности.

Здравје:

Вашата физичка кондииција ќе биде на ниво и ќе ве служи во текот на целиот месец. Не пропуштајте ги можностите за искачување на планина, или релаксирање некаде далеку од градскиот метеж.

Љубов:

Сврзувањето на Марс-Сатурн кое ќе биде во вашата куќа на врски, може да ви донесе несогласувања во врската и непријани настани. Исто така, можна е криза во вашата врска. Овој месец не е поволен за започнување на нова врска, затоа што за кратко време врската може да резултира со крај.

Совет: Преуредете го домот.

Страни: 1 2 3 4 5