Магнезиум – природен антидепресив



При употреба на контрацептивни средства врз основа на естрогенот, магнезиумот се задржува во коските и не циркулира нормално во организмот. Повеќето жени, кои користат таблети за бременоста имаат недоволно ниво на Mg во крвта и треба да се грижат внимателно да го набават овој елемент преку храната.
За време на критичка возраст женскиот организам секретира големи количини естрогени кои имаат негативно влијание врз нивото на магнезиум во крвта и ја зголемуваат невромускулната ексцитабилност. Од друга страна, еден сериозен дефицит од магнезиум може да доведе до проблеми при минерализација на коските и остеопороза.


Децата имаат специфични потреби за магнезиум за растот на коските, функционирањето на мускулите и мозочната активност. Недостатокот на магнезиум кај децата често резултира со: болки во стомакот, притеснителност, проблеми со спиењето, недостаток на апетит, нервни тикови. Во многу случаи подобрувањата во менито и евентуално внесувањето на Mg како додаток во исхраната во тримесечен период се доволни за да престанат поплаките.

Хранливи извори на магнезиум:


– Цели зрна – црна и ‘ржан леб, бисквити од нерафинирано брашно, мусли, овес

– Варива: леќа, грав, гриз


– Непечени ореви – бадеми, лешници, ореви, кикиритки

– Какао, чоколадо

Главните причини за недостатокот на магнезиум е високата потрошувачка на рафинирана храна. При белење на брашното се губат 96% од магнезиумот, а кај оризот 83%.

Страни: 1 2