Зошто неможете да ослабете



Понекогаш, колку и да спортувате, колку и да гладувате, не можеме да се ослабеме ни грам помалку.

Еве кои се причините за тоа:

Не пиете доволно вода – таа е неопходна не само за добра хидратација на организмот, но и може да помогне за намалување на апетитот. Пијте повеќе вода пред јадење и ќе ја почуствувате разликата.

Под “вежбање” разбирате прошетка за половина час – не, тоа не е доволно. Спортот ви е потребен, за да согорувате повеќе калории отколку што земате. Веќе сме ви пишувале како да слабеете во зима и кои вежби можете да ги направите дома, а од вас зависи како ќе одберете да се движите. Единствено преку правилна исхрана и повеќе спорт ќе добиете убаво тело.

Правите само исти вежби – трчањето и возењето велосипед се одлични физички активности, но во еден момент телото свикува со нив и веќе не топите калории, туку одржувате форма.

Претерувате со “диеталната” храна – авокадото, овесните снегулки, црното чоколадо, бананите, суровите ореви како целина, лососот и рибата се корисни, да, но ако се прејадувате со нив нема да го симнете вишокот килограми. Овие хранива во умерени количини целосно ќе ви помогнат да си ги набавуваме потребните витамини, минерали, влакна и корисни масти, но секое нешто со што се претерува, штети. Значи умерени порции и без прејадување.

Исклучувате цели групи на храна од менито – така не и помагате на вашата исхрана. Овде повторно важи правилото – од се по малку и умерено.

Имате еден оброк дневно Ова е погрешно и ако го правите, прекинете го веднаш. Поткаснувајќи често, но по малку.

Јадете брзо, големи грутки – исклучително погрешно. Исхраната треба да се одвива со мисла и радост, како и да биде на мали, добро соџвакани грутки. Кога јадете нешто на нога, не давате време на вашиот мозок да сфати дека јадел и доживувајќи уште глад, ве тера да посегнете кон десерти и други задоволства.

Гладувате – гладта не е диета, а тортурата го уништува организмот. Ако гладувате, телото запаѓа во состојба на паника и да се зачува, започнува прво да ги топи мускулите, а не мастите. Кога добие храна, веднаш ја претвора во масти, бидејќи е во режим на опстанок.

Имате нереални очекувања – по една недела спорт и правилна исхрана нема да се случи чудо. Најважно е да се чувствувате добро во своето тело. Поставете си реални цели и дадете си време да ги постигнете.