Жените слабеат најлесно на 32 години



Ако сте во моментов во 20 -те години и безуспешно се обидуватe да ослабeтe, можеби само треба да чекате додека дојдете до 30 години.

Изгледа дека најдобро време за набљудување на исхраната кај жените е малку откако сте ја поминале третата деценија од животот. Според новото истражување идеалната возраст за дами, кои сакаат да ослабат, е 32 години.

Жените на оваа возраст, вклучувајќи ја и Бијонсе, можат полесно да се придржуваат кон строг режим на исхрана и соодветно – да се разделат со несаканите килограми побрзо и со не толку големи тешкотии. За мажите идеалната возраст е 31 години, во која спаѓа принцот Вилијам.

И за двата пола почетокот на 30 -тите години е оптимално време за губење на тежината, бидејќи пристигнувањето на 30 години е пресвртна точка во животот. Тогаш луѓето сакаат да изгледаат здрави, помлади и попривлечни.

59% од луѓето кои слабеат со помош на строга исхрана, се на мислење дека поверојатно е диетите да пропаднат ако човекот има повеќе од 20 години.

Причината е дека во овие години човекот преферира повеќе да се забавува и да не се ограничува. Резултатите доаѓаат по истражувањето кое вклучило 100 жени и мажи. Цели 82% од испитаниците се на мислење дека малку по 30 -те е идеалната возраст за исхрана и кај двата пола.

Друг фактор кој влијае врз желбата на жените да ослабат околу 32 години е фактот дека многу дами стануваат мајки во тоа време. Како што е познато, возраста за раѓање на првото дете се зголемува во развиените земји, пишува Daily Mail.