Тајната на добриот ноќен сон



Мали корекции во начинот на живот можат да го намалат чувството на исцрпеност во текот на целиот ден и да ви помогнат да го подобрите својот сон.

Натоварениот распоред ја намалува шансата да водите здрав начин на живот, но можеме да одржувате неколку едноставни нешта, за да се чувствувате енергични и да се одмарате навистина квалитетно.


Правилната исхрана е исто така важна, за да се чувствувате одморени. Страничните ефекти на лошите навики се губење на меморија, конфузија, недостаток на концентрација, висок крвен притисок, дебелеење, срцеви проблеми и депресија.

Придобивките од добар одмор во текот на ноќта од друга страна вклучуваат губење на тежината, имунитет на инфекции, подобра меморија и можност да учите и запомнувате повеќе нови работи.


Зависноста од кофеин и шеќер е сигурен знак дека не се одморате правилно. Симптомите се почести настинки, постојано чувство на глад, тага и недостаток на желба за секс.

Јадете ореви, тие предизвикуваат поспаност заради протеините, калиумот и селенот. Спанаќот, богат со калциум, исто така, може да помогне на организмот да произведува мелатонин. Друга добра храна се наут, шкампи, јастози.

Јадете салата заедно со вечерата, бидејќи го опушта мозокот. Можете да сварите зелена салата во топла вода и да јадете пред спиење.

Вашето тело има потреба од витамин B6, за да произведе мелатонин и сератонин. Храна богата со B6, се риби како туна, камбала и лосос, како и свеж лук и ф’стаци.

Некои хранива со висок гликемиски индекс како леб и тестенини, можат да предизвикаат спиење. Тоа е затоа што тие предизвикуваат скок во нивото на шеќерот во крвта и инсулинот, по кој можете да се чувствувате уморни. Чајот од камилица содржи глицин, кој ги опушта нервите и мускулите и може да делува како благ седатив.

Не пијте кафе по 14:00 часот. Некои луѓе веруваат дека алкохолот помага да заспиете, но тоа всушност води до помалку регенеративна дремка, така што телото не почива добро, а се чувствува уморно наредниот ден.

Исклучете го телевизорот, компјутерот, смартфонот барем час пред спиење, бидејќи светлината на електричните апарати го стимулира мозокот. Започнете да се одморате 30 минути пред спиење, слушајте релаксирачка музика и не правете ништо.
Може да направите и топла бања.

Заспивањето обично е пропратено со пораст на температурата. Ако ја зголемите вештачки и се вратите во студената спална соба, ќе му помогнете на организмот да биде повеќе приемчиви за промена на неговата температура. За добро спиење помагаат и обезмастено млеко и бананите пред спиење, кои содржат калциум и триптофан.