Како да направите Nutella мафини



Како да направите Nutella мафини? Рецептот е едноставен и може сами да се обидете да го направите. За таа цел потребно ви е:

95гр путер треба да омекне на собна температура
200гр шеќер
230гр брашно
1 лажичка прашок за пециво
Врв на лажичка сода бикарбона
130мл млеко
3лажици кисела павлака
3 белки
3 лажици нутела

Се матат путерот, млекото, павлаката, нутелата и 3 белки. Во друг сад се мешаат брашното, шеќерот, содата, прашокот за пециво. Се додаваат во изматената смеса и се мати додека не се добие еднолична смеса (личи на мус).
Рерната се загрева на 175 степени. Модлата за мафини се полни со смесата и се пече околу 20минути.
Готовите мафини се оставаат на страна да се изладат и се подготвува фростингот.

230гр омекнат путер
250гр шеќер во прав
4лажици нутела
1 лажица ладна вода

Се матат путерот и шеќерот. Кога ќе се изедначи смесата се додаваат нутелата и водата. Се мати додека се добие едноличен крем.