Пет причини да скокате на јаже секој ден



Има причини зошто спортистите и боксерите во тренинзите задолжително вклучуваат скокање на јаже. Тоа е ефективен начин да се согоруваат калории на еден многу забавен начин и доста поефикасен отколку со кардио тренинзи.


Еве пет причини зошто да скокате на јаже:

1 . Согорува многу калории. При скокањето на јаже се согоруваат од 800 до 1000 калории на час. За споредба додека пешачите, ќе согорите 200-300 калории. Но, скокањето на јаже го одржува телото во кондиција за целиот ден, а согорувањето на калории е долготрајно.


2 . Може да скокате и додека се шетате во планината, додека патувате, на паузите, и речиси секаде. Освен тоа, јажето го собира во секоја торба. Само 4 минути скокање на ден се доволни за да бидете во форма.

3 . Скокање на јаже помага за рамнотежата и координацијата. Ова само по себе ќе ви помогне во секоја спортска активност и ќе ве направи поотпорни на оптоварувања. Скокањата се важни за одржување на цврстината на коските.


4 . Скокањето ви помага да се опуштите полесно. За време на скоковите телото ослободува многу брзо ендорфин, а овој хормон делува како аналгетик. Длабокото дишење, помага да го исчистите вашиот ум, да се фокусирате и да се тонизирате. Ова само по себе е нешто како динамична медитација.

5 . Скокањето влијае добро на срцето. Според специјалистите на Американското здружение за срце, нема посоодветен начин за одржување на срцевиот ритам од скокањето на јаже. Тоа е како фитнес за кардиоваскуларниот систем и помага да се снабдуваат срцето и белите дробови со кислород.