Девојката што не можеше да плаче



” Кога се родив во Индија, не проплакав. Кога моето семејство имаше потреба долго да одам, не плачев. Не плачев кога сфатив каква е вистинската работа на мајка ми ниту кога брат ми загина. Кога бев принудена да се омажам, не плачев. Не затоа што не сакав, туку затоа што не можев.”


Тоа го вели младата индијка со оваа силна порака на меѓународната организација Water is Life, за стекнување средства за снабдување со чиста вода за пиење земји и градови во светот. Организацијата спроведува програми за подобрување на санитарно – хигиенските услови во некои од најзагадените места на светот, какви може да бидат индиските градови.