Која е најопасната летна храна



Труењето од храна во текот на летото е толку распространето, колку и сончевите изгореници. Високите температури, неправилната обработка и лошата хигиена може да ја претворат и најобичната краставица во потенцијално опасна храна.


За да се заштитите, ви спомнуваме некои од најопасните хранива во текот на летото.

Се разбира, ако ги приготвите и чувате правилно, нема никаков проблем.


Недопечено месо

Печеното месо не само што е вкусно, но е и безбедно. Ако не го испечете месото доволно добро, постои опасност во него да останат бактерии како ешерихија коли.


Сосови од јајца

Мајонезот, сосот за салатата цезар и уште многу други се прават од јајца. Кремовите за сите домашни колачи исто така содржат јајца, а тие под висока температура имаат навика да се расипуваат многу брзо.

Страни: 1 2