Како да ги переме правилно алиштата



Сигурно не еднаш ви се случило да ги извадите алиштата од машината за перење, и да посакате да заплачете, бидејќи некои од нив не се добро испрани.


Тоа нема да се случи, ако ги почитувате основните правила при перењето. Како почеток сортирајте ги алиштата според боите. Белите во еден дел, шарените во друг, волнената облека – во трет дел.

Не е лошо да фрлати и по еден поглед на етикетите на облеката. Може тоа да е причината за некои недоразбирања, кои се случуваат по перењето.


Врз овие етикети обично е наведен видот на материјал од кој е изработена ткаенината – памук, свила, волна, полиестер, спандекс и други, а исто така има голем број на симболи.

Токму тие ќе ви помогнат во одржувањето на прекрасниот изглед на вашата облека. Понекогаш врз чисто белите памучни блузи, кои на прв поглед ќе издржат перење од деведесет степени, има индикација дека треба да се перат само на рака и тоа не повеќе од четириесет степени.

Памучните алишта секогаш се стегаат по перење. Затоа уште кога купувате фармерки, изберете малку пошироки.

Внимавајте со степените – премногу високите температури ги бледнеат шарените алишта.

Волнената облека треба да се пере со ладна вода или најдобро хемиски да се чисти. Волнена облека треба да се стиска деликатно и да не се суши со електрична фен. За да не се смалува облеката од волна, добро е во последната вода за плакнење да се додаде лажица глицерин.

Не ги туткајте валканите алишта во машината и не ги оставајте подолго време таму, пред да ги перете. Тоа доведува до формирање на мувла на ѕидовите на машината и дамки на облеката.