5 детали за вашиот живот, кои не треба да ги споделувате во Facebook



Постојат некои работи кои не треба да ги споделите на интернет. Овие факти кои на вас ви се чинат неважни, е можно да доведат до кражба на идентитетот и други сериозни проблеми.


Еве што не треба да споделувате и како да ги зачувате вашите лични информации, кога немате можност за избор:

1. Вашиата домашна адреса – Секој крадец ќе ја искористи можноста да влезе кај вас, ако ја знае вашата домашна адреса и знае детали за тоа кога сте отсутни. Кога ќе објавите слики од одморот или службеното патување, вие немате идеја до кого ќе стигнат тие. 


2. Се во врска со работата – Обидете се да не објавувате никаква информација на Facebook, која открива што работите. Тука има доста повеќе работи за кои треба да се грижите, освен за крадците на идентитет. Можно е некој ваш пост да не им се допадне на колегите или вашите шефови. Покрај тоа, ако хакерот сака да пробие во компанијата, собирањето на информации за вработените ќе биде негова прва задача.

3. Состојбата на вашата врска – Мнозинството од корисниците на Facebook ја посочуваат својата брачна состојба. Иако најверојатно ви се случува да се пофалите со оваа состојба, подобро е да не влегувате во видното поле на “пријателите” кои не ви го мислат доброто.


4. Податоци за плаќање – Facebook е бесплатна социјална мрежа, но додавањето на вашите финансиски информации ви овозможува да порачате директно преку сајтот. Ако го оставите вашиот Facebook профил отворен на компјутер дома или во канцеларија, тоа би бил најлесниот плен за крадецот. Секој може да го користи за да си купи нешто во Facebook.

5. Вашиот телефонски број – Некои поставки за безбедност на Facebook го бараат. Плус, ако користите Facebook апликација на телефонот, вашиот број нема да остане тајна. Но, сепак сето тоа може да го подесите во корисничкиот профил.