Повисоки состојби на свест, блаженство, благосостојба и беспрепокорна акција се едни од најслатките плодови од долготрајниот тренинг на медицијата. Во брзото темпо на модерната жена, која што во обидите да одговори успешно на сите обврски и одговорности, но и уживања и задоволства што се бараат од неа, таа често заборава да се сврти кон себеси, да погледне во најинтимните прегратки на својата душа. Медитацијата како еден метод на релаксација, се повеќе се практикува меѓу жените, како дел од трендот за слободни активности поминати со пријателките на часовите по јога, пилатес, медитација…
Но, медитацијата, освен за опуштања може да придонесе многу повеќе. Доколку редовно и правилно се применува, таа може да биде извор на секојдневна радост и среќа, поголема подготвеност за соочување со современите предизвици на секојдневието, темел за здрав и хармоничен живот.
Медитацијата не претставува некоја мистична техника, резервирана само за некои индиски јогини и аскети кои со денови седат со вкрсетни нози и затворени очи некаде далеку одвоени од современиот свет. Таа е средство кое што за жената на денешницата може да претставува гориво за квалитетно живеење. Медитација во акција или јога во секојдневниот живот во модерни услови значи обид за потполна будност, свесност и присутност во сите активности. Тоа значи, пред се, љубов кон себеси, сопственото тело, емоции, мисли, дух во секој миг, а оттаму и прифаќање, разбирање и љубов за околината, за семејството, за колегите и колешките на работното место, за пријателите, за општеството…
За благодетите од техниката на медитација, повеќе може да се дознае на предавањето насловено како „МЕДИТАЦИЈА Повисоки состојби на свест“, што утре (04.04.2014) со почеток во 20 часот ќе се одржи во КИЦ Салон 19’19 во Скопје. Предавач е Аба Азиз Макаја, еден од наголемите тантра и јога учители на денешницата. Исто така, тој е добитник на Sexual Intelligence Award во САД за 2004 година, член е на Светската Асоцијација за сексуално здравје од 2003 година.
Неговата “Љубовно-еротска терапија за превенција и третман на зависности” доби финансиска поддршка од USAID во Македонија. Исто така, тој е креатор на тренинг-програмата за сексуална благостојба „Оргазмичка жена“, престставен на светските когреси за сексуално здравје во Сиднеј 2007 и Глазгов 2011 година, а успешно практикуван од стотици жени во Европа. Макаја во една од своите книги “Ангел во месо или Просветлена љубов“ (преведена и на македонски јазик) вели дека целосно ослободување на мажот е невозможно без ослободување на жената и дека е потребно ослободување на женската сила, а облагородување на машката. Меѓу многуте пораки упатени до женскиот свест, тој ќе спомене: „Вие кои сакате да станете тантрички мајсторки: вие треба да ги водите мажите во љубов, а не тие да ве водат во секс!“. На мажите, пак, ќе им порача:„ Повлечете се од престолот! Престлот не е за мажот, престолот е за Бога или ако веќе е за некого тогаш е за другиот пол. Кај жените веќе е така. Значи мажите исто така би требало да го постигнат тоа: да се служи со љубов, заради љубов!“ Организатор на настанот е Комаја ‒ Здружението за развој на уметноста на живеењето од Скопје.
Биљана Римини Саздановска