Најголемиот непријател на жените во службата се … другите жени



Повеќе од половина од модерните жени кои работат во канцеларија, велат дека се малтретирани на работното место и тоa најчесто доаѓа од страна на нивните шефови. Во анкетата учествувале 23 илјади жени, а 50% од нив откриле дека го гледаат својот најголем непријател во службата во лицето на другите претставнички на сопствениот пол, со менаџерска позиција.


Предметното истражување е спроведено во Велика Британија и е најголемиот од ваков вид. Жените кои биле малтретирани од други дами во канцеларија масовно споделиле дека проблемите се појавиле најмногу поради скриено ривалство. Односно, колешките или нивната шефица, се почувствувале загрозени од нивото на нивните способности.

Авторите на студијата од организацијата ” Opportunity Now ” велат: “Често се коментира сексуалното вознемирување од страна на мажите кон нивните службенички, но всушност жените почесто се малтретирани повеќе од своите колешки или директорките, кои се чувствуваат загрозени од нивниот потенцијал и поради тоа го злоупотребуваат вршењето на власт или, пак, намерно ги експлоатираат.”


Една на секои четири жени, сите на возраст меѓу 28 и 40 години , рекле дека директорката ги оптеретува со работа, или постојано ги критикува за нешто.

Авторката на анкетата Хелена Морисеј вели: “Жените често ни кажуваат дека се чувствуваат повеќе амбициозни и уверени кога работат за маж – менаџер. Обично раководителите од посилниот пол успеваат да ги охрабрат своите службенички подобро и да им дадат повеќе надеж за развој на кариерата, отколку дамите на раководни позиции.”