6-те грешки во здравјето на жените над 30



Најубавиот дел од животот започнува на 30. По турбулентните тинејџерски години, првата работа, првата сериозна врска и првото дете (евентуално) во 20-тите години, преминувањето на следната фаза е всушност почетокот на најслаткиот дел од животот.


Со изградени навики, со утврден вкус и со многу искуство, една жена може навистина да се наслади на убавата страна на животот.

Еве на што треба да внимавате после 30те години од вашиот живот:


Тренирајте ги мускулите

Правете кардио вежби. Џогирањето, пливањето и возењето велосипед се дел од секојдневното наше оптоварување. Така се согоруваат калории, го подобрувате срцето, и елиминирате напнатоста. Она што не го правите, сепак, е да ја зголемите мускулната маса. А таа, некаде во средината на 30-тите години, почнува да опаѓа.


Две вежби неделно ќе ви помогнат да ги подобрите формите на телото многу подолго отколку што само трчањето и точакот ќе можат.

Забрзајте го вашиот метаболизам

Дополнителниот бонус од тренинзите ќе го забрза метаболизмот. Тој има непријатна навика да се забавува со возраста и ако не ги менувате вашите навики, наскоро ќе се покаже дека ставате килограми, без да јадете благи работи.

Страни: 1 2