Во светот има самo пет чудотворни икони, една е во Струмица!



Христијаните не се единствените кои овие денови го посетуваат храмот Свети 15. Својата почит кон Пресвета Богородица и иконата која ја има истата чудотворна моќ како и оригиналот на Света Гора ја иска’уваат и верниците од муслиманска вероисповед.


“Сите сме сведоци за сето она што се случи, но и од друга страна за милоста, за љубовта, за благословот кој Пресвета Богородица го излеа врз сите нас во овие денови на великите пости. Слободно можеме да речеме дека доживеавме Велигден пред Велигден, а тоа можеше да се забележи, можеше да се види луѓе кои плачат од радост, не само христијани туку и граѓаните на Струмица кои се од муслиманска вероисповед и кои генерално се населени околу храмот на Свети 15 Тивериополски маченици. Исто така и тие се приклучуваат во реките на народ кои доаѓаат да се поклонат пред чудотворната икона на Пресвета Богородица и сето тоа е благословено од нашиот свет владика заради тоа што сите луѓе кои доаѓаат се добредојдени да се поклонат на мајката на спасителот на овој свет кој дојде да ги спаси сите луѓе, вели отец Јаков.

Чудотворната икона на Пресвета Богородица Скоропослушница во Струмица пристигна пред една недела. Станува збор за копија на оригиналот кој се чува во светата обител на светите архангели, односно манастирот Дохијар на Света Гора. Црквата Свети 15 Тивериополски маченици ја доби како подарок и по иницијатива на братството од манастирот и со благослов на старецот на манастирот високопреподобниот отец Григориј.


Значењето на оваа икона и нејзиното поло’ување во храмот Свети 15 Тивериополски маченици е огромно не само поради нашата љубов која ја негуваме и ја имаме како народ и како црква кон Пресвета Богородица, туку и за самиот тој дејствителен акт на љубовта кој го пројави кон нас братството на светиот манастир Дохијар од Света Гора на чело со нивниот игумен и старец отец Григориј, вели отец Јаков.

“Љубовта не е ништо друго туку личносен однос и за љубов зборуваме само ако е заемна љубов, а во случајов таа заемна љубов помеѓу нашиот народ и Пресвета Богородица мо’евме да ја видиме од нашиот повеќеилјаден народ кој беше собран да ја пречека и кој дејствително ја пока’а својата љубов кон Пресвета Богородица, додава отец Јаков.


Чудотворната икона на Пресвета Богородица е всушност фреска од 11 век на која е направена копија што чудотвори. Според преданието првото чудо се случило во 17 век кога Богородица му го вратила видот на еден монах по име Нил и му рекла да пренесе на останатите членови на братството дека од сега натаму таа е нивниот покров, таа ќе ги закрилува, ќе биде нивна заштита, секогаш ќе биде со нив и нејзината икона ќе се нарекува брзопомошничка или скоропослушничка затоа што секој што ќе и се обрати со молба за помош таа да нема да задоцни со својот одговор и со своето исцеление. Од тогаш многу чуда се имаат случено на луѓе кои барале помош од мајката Бо’ја. Во светот има само пет копии на чудотворната икона на Пресвета Богородица Скоропослушница, една од нив е иконата во Струмица.

Страни: 1 2