Во светот има самo пет чудотворни икони, една е во Струмица!



Реки од народ секојдневно се слеваат во црквата Свети 15 Тивериополски маченици во Струмица. Една недела по пристигањето на чудотворната икона на Пресвета Богородица Скоропослушница од Света Гора, стотици верници секојдневно го посетуваат храмот во кој таа е положена со желба да и се поклонат и да се помолат на мајката Бо’ја. На поклонение не доаѓаат само верници од Струмица, организирано со автобуси верници пристигаат од цела Македонија, но и од соседните држави, пишува think.mk.


“За нас христијаните ова е многу значајно. Чувството е прекрасно. Немам зборови, јас сум навистина воодушевена од тоа што ни случува кај нас во Струмица, вели една од верничките која дошла да се поклони на иконата.

“Многу е убаво што дојде иконата токму во нашиот град. Бевме кога пристигна од Света Гора и еве сега повторно изразивме желба да дојдеме да се поклониме и да се помолиме за здравје, вели друг верник.


Страни: 1 2