Вежбањето е најдобар лек за слабеење! Со едно потење може да изгубите 2 до 6 проценти од својата тежина



Неколку факти што не сте ги сретнале или запомниле за потењето, а со кои подобро ќе го разберете своето тело и начинот на кој тоа се грее и лади.


Човекот има од 2 до 4 милиони потни жлезди.

Жените имаат повеќе потни жлезди од мажите, но машките жлезди лачат поголема количина пот.


Потењето поради вруќина, поради вежбање и од стрес, се разликуваат во хемискиот состав.

Потењето поради стрес има најнепријатен мирис.


Потта со непријатен мирис ја произведуваат само 2 типа потни жлезди кои се викаат апокрини жлезди и кои се наоѓаат во оние делови каде што има влакна: под пазувите, на препоните и на главата.

Непријатната миризба настанува како последица на разложување на потта под влијание на бактериите.

Потта на некои луѓе е посолена од потта на другите. Ако потта ви ги „јаде“ очите кога се потите има солен вкус или ако остава бели траги на вашата облека, тогаш има многу солен вкус. Имајте на ум дека ќе мора после потењето да ги надокнадите битните електролити со храна.

За време на долго вежбање на топло, атлетите по пат на потењето може да изгубат 2 до 6 проценти од својата тежина. Тоа значи дека човек со тежина од 70 килограми, може да изгуби преку потење до 4 килограми.