Циметот ефикасно се справува со целулитот



Познато е дека сувата кора од цимет содржи антиоксидантни соединенија кои штитат од дијабетес и срцеви заболувања, но во последното истражување на француските научници се покажа дека циметот има уште едно корисно својство – ефикасно се справува со целулитот или популарно кажано „кожата како кора од портокал“ кај жените.


Дерматолозите од Универзитетот во Гренобл извршиле експеримент во кој учествувале 80 жени, кои долго време го имале овој проблем и не знаеле како да да дојдат до најбрзо решение.

Половина од жените биле подложени на козметички третмани и антицелулитна масажа на критичните зони, а останатите на кожата нанесувале масло од цимет.


На крајот од експериментот експертите ги споредиле резултатите од лекувањето. Кај втората група на жени целулитот се намалил просечно за 60 отсто, што е многу повеќе во однос на првата група жени.

На седум од жените третирани со екстрат од цимет, лекарите забележале намалување на килограмите, како и намалување на стресот и нормализирање на размената на материи во кожата.


Инаку екстратот од цимет исто така помага и за брзата регенерација на нови клетки.