Предвидувањата на Нострадамус за 2016-та



Главното предвидување на славниот француски пророк и астролог Нострадамус за 2016 година е дека ќе се роди човек, кој ќе им помогне на сите луѓе да го разберат значењето на животот.


Според Нострадамус во 2016 година во Русија ќе се појави ново религиозно учење кое ќе бира сили и во блиско време ќе ги побие сите знаења поврзани со јудаизмот и христијанството, па дури и со исламот. Можно е ова учење да стане религија на целиот свет.

Во првите шест месеци на 2016 година ќе има многу несреќи. Можно е да започне трета светска војна.


Според Нострадамус државата од која ќе почне ќе биде Иран, а агресијата ќе биде насочена кон Турција. Русија ќе ја игра улогата на главни мировници во овој конфликт и со помош на својот авторитет може заканата да запре.

Францускиот пророк предвидува просперитет, појавата на “Златен век” од 2016 до 2020 година, кој ќе се карактеризира со процут на руската империја, значителен економски раст и силна позиција во политички план. Ќе има економски пад на Америка.


Според предвидувањата на Нострадамус, следната година ќе бидеме сведоци на природни катаклизми.

Пророкот пишува дека ќе се појави нова болест, против која нема да има лек. Тоа ќе дојде од африканските земји и ќе доведе до смрт на многу луѓе. Во самата Африка ќе настапат главни времиња. Во некои делови на континентот ќе има недостиг на вода за пиење, која ќе биде причина за преселувањето на африканските народи на европскиот континент.

Нострадамус споменува и за природни несреќи. Силни земјотреси ќе има на територијата на Кина и на Блискиот Исток. Разурнувањата ќе бидат огромни.

Големи поплави може да се очекуваат во Африка и Јужна Америка, делови од кои ќе бидат целосно обземени од вода. За САД се предвидува торнадо со страшна сила.