Запознајте се со оваа група голи студенти во името на доброто



Запознајте се со оваа група студенти по ветеринарна медицина од Универзитетот во Сиднеј, Австралија, кои направиле нестандардна кампања за собирање средства за добротворни цели.


Тие позираат голи за специјална фотосесија, а фотографиите ќе бидат наредени во календар за 2016 година. Парите од продажбата на “голиот” календар на учениците ветеринари ќе бидат донирани со поддршка на иницијативата “We’re For the Bush” (популарна кампања за поддршка на земјоделците во Австралија).

“Сите се чувствувавме малку нервозно и загрижено пред снимањето. Ние сме добри пријатели, што не сплотува љубовта кон животните и не ни беше тешко да заборавиме за голотијата и да се забавуваме.” вели студентот Мат Клифтон, еден од иницијаторите на идејата.


“Австралија секоја година страда од катастрофалната суша. Влијанието го чувствуваме сите, но најмногу се одразува на земјоделците.”, додава тој.

Календарот може да биде виден и купен на официјалниот сајт на иницијативата тука или во официјалната нејзината Фејсбук страница.