Што ќе ни се случи во декември според хороскопскиот знак



Рак


Кариера и пари:

Некои ваши соработници отворено ќе ви ја покажат својата наклонетост, додека други ќе ви покажат дека не ве сакаат. Прифатете го и едното и другото на мирен начин. Барем ќе знаете со кого имате работа. Држете се до зацртаните правила. Кон крајот на овој месец ве очекува прилив на пари, па можете да ги изненадите вашите најблиски со неколку подароци.


Здравје:

Ќе оимате одрдени денови од месецот во кои ќе се чувствувате меланхолично, но во глобала, овој месец ќе биде солиден, без поглеми здравствени проблеми.


Љубов:

Многумина овие денови ќе откријат кој е нивниот идеал во љубовта и ќе тргнат во потрага според тој критериум. Понекогаш ќе бидат близу, а понекогаш далеку од идеалот. Во секој случај нема да запрат додека не најдат нешто што е најслично до замисленото.

Совет: Зошто да биде комплицирано, кога сѐ може да биде едноставно?

Лав

Кариера и пари:

Ќе функционирате како спортист кој со леснотија ги одработува тренинзите. Многумина на работното место ќе откриваат нови вештини и детали на професијата. Тоа ќе биде уште една фаза на учење и напредување. Сепак добивате. Обидете се што помалку да ги трошитe паритe на непотребни работи.

Здравје:

Ве очекуваат денови со добро расположение и полна енергија.

Љубов:

Ослободете се од преголемите љубовни очекувања, сега е подобро да се биде реален. Одолејте им на искушенијата и надмудрувањата. Бидете потолерантни и духовити колку што можете. Ако партнерот ве испровоцира, воздржете се, ќе помине.

Совет: Размислете двапати пред да кажете нешто.

Девица

Кариера и пари:

Клучот на успехот во работата овие денови се наоѓа во соработката и прифаќањето на по некој компромис. Немојте да терате по свое затоа што сега главниот збор го водат други. Бидете отворени и кооперативни, па сè ќе тргне во добра насока.

Здравје:

Страни: 1 2 3