Што ќе ни се случи во декември според хороскопскиот знак



Овен


Кариера и пари:

Ви претстои период на монотонија и губење на желбата за работа заради тоа што сте убедени дека не сте соодветно третирани на работното место. Но, тоа не треба така да го сфаќате. Знаете наградите обично доцнат или барем сите така мислиме, но сепак ќе дојдат и до вас.


Здравје:

Единствен проблем е вашата меланхолија, која во многу сегменти може да ви го комплицира животот, затоа ослободете се од неа.

Љубов:

Оние кои се во емотивна врска емоциите ќе ги потиснуваат во длабочината на својата душа а од малите проблеми ќе сакаат да прават цели драми. Зарем не е подобро животот да си го направите полесен и се разбира поинтересен, зошто напразно да го трошите? Разбудете ја страста во вас и тргнете во акција.

Совет: Не чекајте на другите, преземете го првиот чекор!

Бик

Кариера и пари:

Навистина не е убаво сега да се откажете токму кога треба да уживате во плодовите од вашиот вложен труд . Во овој период многу ќе ви годи тимска работа па затоа прифатете таков проект кој ќе ви биде понуден најдоцна до 12 декември.

Здравје:

Првата недела од декември препорачливо е да се посветите околу здравата исхрана. Не пропуштајт го рутинскиот прглед овој месец.

Љубов:

Можеби и вам понекогаш ќе ви се чини дека љубовта е далеку од вас. Сепак, таа е поблиску одошто ви се чини, само што во моментов не се покажува. Бидете мирни, трпеливи и упорни. Ако сте во врска, немојте да го форсирате изразувањето на емоции по секоја цена.

Совет: Не пропуштајте ги љубовните шанси кои ви ги доделува животот.

Близнаци

Кариера и пари:

Искуството и вештината на однесување со другите ќе бидат главните особини кои ќе ги покажувате на работното место. Зависно од видот на работата или ќе ве бараат или ќе ве покажуваат како несериозни. Главно држете се до својата професија и она што таа го бара.

Здравје:

Нема причина за паника! Иако сте склони кон настинки, овој месец може да останете мирни. Со вежбање и здрави навики, овој месец нема да се соочите со никакви здравствени проблеми.

Љубов:

Можеби сте очекувале нешто друго од она што го живеете и чувствувате, но и тоа е само краткотрајна работа со која треба да се соочите на вешт начин. Сè уште имате доволно енергија и минат труд за се да доведете во ред. Ќе успеете.

Совет: Не запоставувајте го друштвото.

Страни: 1 2 3