
Зара Тиндeл, ќерка на британската принцеза Ана, го очекува своето второ дете, соопштија американските медиуми, повикувајќи се на официјални извори.
Зара и нејзиниот сопруг, поранешниот рагбист Мајк Тиндел, веќе имаат ќерка Миа, која има две години.
Бебето треба да се роди кон крајот на пролет.
Зара е шампион во возење. Таа се натпреваруваше под моминското име Зара Филипс.
Кралицата Елизабета Втора веќе има пет правнучиња и очигледно наскоро ќе се здобие со уште еден кралски наследник.