Природен освежувач за вашиот простор



Бидејќи последните истражувања докажаа дека хемикалии во вештачките освежувачи на просторот се штетни за здравјето, еве предлог како да си направите домашен.


Потребно ви е:

Мала стаклена тегла
Сода бикарбона
Етерично масло (лаванда или друго)
Алуминиумска фолија


Подготовка:

Наполнете една четвртина од теглата со сода бикарбона
Ставете десетина капки од етеричното масло
Затворете ја теглата со алуминиумска фолија и направете мали дупчиња на неа (може и директно на капакот)


Ако го чувате освежувачот на видливо место, најдете си или направете си украсна тегличка.

Одвреме- навреме протресувајте ја теглата и од неа ќе се шири мирисот на маслото.