Се огласи семејството на професорката Тројачанец: Ја најдоа трагачи со кучиња
Професорката од Скопје, Снежана Тројачанец, денеска беше пронајдена мртва и извадена од водите на Вардар, откако беше пријавена од страна на семејството за исчезната пред два дена.
Семејството на професорката е скршено од болка.
– ,,За жал, потрагата заврши трагично. Мојата сопруга е пронајдена мртва, во реката Вардар, пред околу еден час. Ја најдоа трагачи со кучиња. Благодарен сум на цела земја, на сите што се вклучија во потрагата и кои ни понудија помош’’ – изјави за ,,Фокус’’ сопругот на Тројачанец.
Семејството за Фокус изјавува дека се плашеле од најлошото бидејќи Снежана еден месец се лекувала од депресија.