Љубовните врски зависат и од физичката самодоверба



Верувале или не, дури половина од жените се несигурни поради својот изглед и немаат храброст да му дозволат на својот партнер да ги види кога се голи.


Недостатокот на самодоверба во врска со сопственото тело, доведува до сериозни проблеми во врската или во бракот.

Според едно британско истражување на речиси две илјади припаднички на понежниот пол, секоја шеста не му дозволила на својот партнер да ја види гола. Некои од нив признале дека со гаердорбата се обидуваат да го прекријат недостатокот. Ваквото однесување ги лути партнерите, па неретки се и кавгите.


Дури 40 отсто од нив, поради овој проблем се нашле пред развод или раскинување на врската. Задоволството од физичкиот изглед и самодовербата се важен фактор за квалитетен сексуален живот на една жена. Ако таа не се чувствува добро во своето тело, настануваат проблеми.

Ако не се задоволни од своето тело, треба да го имаат предвид и ставот на својот партнер.

Неретко се случува тие да го обожаваат телото на своите партнерки, такво какво што е, со сите тие мали и крупни недостатоци.