Придобивките од тоа да сте необврзани додека имате 20 години



Понекогаш човек многу лесно може да подлегне на она што јавноста го смета за нормално и правилно. Можеби сте си мислеле дека откако ќе завршите училиште, одите во универзитет, се соочувате со мажот од своите соништа, се заљубувате на 25 години и веќе сте во брак. Па, речиси и секогаш станува така.


Едно време бабите и дедовците се венчаа во рана возраст, а сега сегашната генерација го прави тоа многу подоцна. Иако реалноста денес ни покажува дека нема ништо лошо во браковите по 30 години, многу жени се чувствуваат лошо, ако на 20 + години се уште се немажени.

Во главата почнуваат да режираат планови како ќе останат “стари моми” и како времето им истекува буквално со секоја измината минута. Ако и вие самите имате слични стравови, треба да дознаете дека тие се целосно неосновани. Всушност, постојат голем број на бенефиции од тоа да бидете необврзани додека сте на 20 +.


Еве ги и нив:

1. Можете да бидете спонтани. Ова е еден од ретките периоди во животот, кога можете да правите што сакате, кога сакате и на каков начин ви е удобно.


2. Може да патувате. Ова е еден од најдобрите начини да откриете кои сте, да се сретнете со различни луѓе и да таложите сеќавања за цел живот.

3. Може да потрошите многу време со семејството и пријателите. Кога имате некоја сакана до себе, вие поминувате многу малку време со другите луѓе во вашиот живот. Сега е времето во кое треба да бидете максимално блиски со семејството и пријателите.

4. Учите да бидете сами. Во тоа нема ништо лошо, дури напротив. Кога сте сами, вие имате можност да се запознаете подобро себеси – квалитет кој ќе ви биде од корист за целиот живот.

5. Имате можност да се состанете со многу мажи. Искуството со претставниците на спротивниот пол ќе ви даде на знаење, со кои полесно ќе го препознаете оној кој навистина вреди.

6. Ќе дознаете кои се вашите сопствени вредности и дека треба да барате партнер кој ги дели.

7. Имате слобода да донесувате одлуки само врз основа на она што вие го сакате. Како деца, многу често вашите родители се решавале наместо вас. По време ќе мора да го почитувате мажот до себе и понатаму со вашите деца. Уживајте во периодот во кој само Вие ги дефинирате правилата на играта.

8. Ќе можете да купувате скапи чевли кои ги сакате. Кога сте неженети и немате семејство, вашите пари се наменети само за вас.

9. Ќе можете да спиете до кога сакате. Нема кој да те тужи и да ви држи сметка.

10. Ќе можете да дознаете што ви се допаѓа најмногу и да го правите во слободното време. Можеби сакате да пливате, да возите велосипед, да одите на танцување или да читате до доцна книги? Имате можност да се занесете во сите свои страсти.

11. Ќе имате можност да се преселите на нова локација. Кога немате нешто што ве обврзува во овој град или дури таа држава, вие може да ја побарате среќата на ново место.

12. Ќе имате можност да ја развиете повеќе својата кариера. Бидејќи немате човек до себе, кој ќе го одвлекува вашето внимание, вие ќе можете да ја инвестирате целата своја енергија во кариерата. Тоа нема како да не ви се исплати и да не ви биде во плус, кога ќе одлучите да креирате семејство.