Однесувајте се како дама: 5 бонтон правила кои мора да ги почитувате



4. Чувајте го вашиот телефон во ташна


Навистина не е културно, постојано да го држите вашиот телефон во рака и да зјапате во него на секоја минута.

Кога сте во друштво, чувајте го вашиот телефон во ташна и ставете го на вибрации. Ако очекувате некој важен повик, информирајте ги останатите дека треба да примите важен повик.


5. Облечете се соодветно

Да бидете облечени убаво и да бидете облечени соодветно, е сосема различна работа.
Без разлика колку и да ви се допаѓа вашиот нов макси фустан кој си го купивте за ова лето, да го носите на интервју за работа не е ни место ни време.


Од друга страна пак, ако не сте сигурни за тоа како треба да се облечете, подобро би било да се облечете поформално наместо лежерно.

Презентацијата кажува многу за личноста, па затоа секогаш осигурајте се вашата облека да е чиста, средена и испеглана до совршенство.

Страни: 1 2 3