
Иако бонтон правилата понекогаш ни изгледаат како одамна да исчезнале од нашето општество, верувајте некои од нив сеуште се применуваат и денес.
Тоа што сте жена автоматски не ве прави дама. Кога повеќето луѓе ќе го слушнат зборот “дама“, веднаш помислуваат на старомодна здодевна жена, која заборавила како да се забавува и која не е успешна ниту има некакви амбиции.
Тоа е така, особено поради ѕвездите како Ким Кардашијан, кои се идоли за многу девојки. Па затоа да се биде дама не е нешто кон кое тежнеат денешните млади жени, велат од vostip.mk.
Да се биде дама, едноставно значи да се има бонтон, самопочит, стил и да се биде почитувана. Да знаете како да се однесувате во секоја ситуација и да уживате во различни аспекти од животот.
Ви нудиме 5 бонтон правила кои се применуваат и денес. Навистина не треба да бидете родени со златна лажичка во устата за да можете да ги практикувате и да се однесувате како дама.
1. Внимавајте како се изразувате
Многу луѓе имаат свои мали пцости, а на некои дури секој втор збор им е таков, но тоа не значи дека таквото однесување е пристојно и прифатливо.
Траба да го познавате друштвото во кое се наоѓате и да знаете каков речник да користите, верувајте, тоа е нешто што секоја вистинска дама го знае.
Да се користат пцости или вулгарности не е соодветно ниту нешто што дама би го изговорила, затоа внимавајте што излегува од вашата уста и секако адаптирајте се на ситуацијата.