Надица Илиеска: како да се опуштите после напорниот ден



Имавте напорен ден на работа? Немавте време за пауза? Дали воопшто нешто јадевте? Можеби денот ви бил предолг, полн со стрес. Враќајки се дома мечтаете за голема чинија тестенини со сирење и пикантен дресинг, а и колачите ви изгледаат како одличен избор. Тоа што во тој момент вашето тело го бара е брза енергија, односно јагленихидрати и шеќер. Оваа ситуација за многумина е секојдневие. Сепак, иако телото ви дава сигнали дека има потреба од брзи јагленихидрати, шеќери и масти, такви намирници нема да придонесат да се ослободите од стресот и од уморот. Напротив, по земање на таков оброк може да се чувствувате уште поуморни.

Потребно е да одберете похранлива и квалитетна алтернатива за да се опуштите по напорниот работен ден. Кога сте уморни, на вашето тело му се потребни намирници кои ќе помагнат да ја надомести изгубената енергија и ќе го елиминира стресот. Кога посегнувате по брзи решенија за оброк, всушност му оневозможувате на вашиот организам да добие вистински нутриенти кои ви се неопходни. Можеби се чувствувате одлично додека јадете големо парче чоколадна торта по напорниот ден, но олеснувањето и задоволството се краткотрајни бидејќи на вашиот организам му се потребни квалитетни нутриенти. Ако продолжите на вашето тело да му обезбедувате празни калории, ќе се чуствувате уште поуморно и ќе посегнувате кон уште понеадекватна храна која нема да ве ослободи од умор и стрес.


Постојат повеќе начини да го решите овој проблем. Најважно од се е да не дозволите вашиот организам да биде гладен во првата половина на денот. Доколку имате квалитетен појадок и ужина, вашето тело нема енергетски да се исцрпи. По напорниот работен ден најдобро е прво да посегнете кон овошје богато со антиоксиданси кое ќе влијае на неутрализирање на насобраниот стрес. Овошен сок од портокал богат со витамин Ц ќе ве освежи и ќе ве опушти. Можете да го зголемите нивото на енергија со квалитетните овошни сокови од палетата на ВИВА, кои се произведени по највисоки производствени стандарди со 100% содржина на овошје. Наша препорака е да се напиете сок Вива 100% портокал, направен од 100% природни, свежи и здрави плодови, без дополнителни шеќери, адитиви и конзерванси. На овој начин ќе му обезбедите на телото квалитетни хранливи состојки.

Доколку сте вљубеник на слатките задовоства дозволете си малку темно чоколадо. Истражувањата покажаа дека тоа помага во ослободување од напнатоста и од стресот. Сепак, немојте да претерувате, неколку коцки се доволни за да ве опуштат по долгиот напорен ден.


Нутри совети од Надица Илиеска, нутриционист од Нутриционист Консалтинг