Луѓето кои спијат до доцна се попаметни и покреативни



Луѓето кои спијат до доцна се попаметни и покреативни


Според една неодамнешна студија, оние кои имаат необичен режим на спиење и станување, се поинтелигентни. Истражувањето вели дека луѓето кои создаваат нови еволутивни модели (во споредба со оние кои се придржуваат кон стандардни модели кои се развиени од овие пред нас), повеќето се прогресивни.

Има логика. На крајот оние кои се менуваат први, секогаш се најпаметните и најкреативните луѓе во општеството. Според истражувањето, кое се одржа во Универзитетот во Мадрид меѓу над илјада студенти со највисоки резултати на тест за интелигенција имаат оние кои велат дека си легнуваат подоцна и често не успеваат да станат навреме.


Друг универзитет во Милано пак спроведува студија, така што испрашале над 120 мажи и жени дали имаат проблеми со спиењето – подоцна станување, несоница ноќе, итн.

Потоа научниците ги замолиле учесниците да направат уште три теста кои го мерат нивото на креативно размислување. Резултатите се дека луѓето кои се будни до доцна во ноќта имаат многу висок број на поени и на трите теста, а оние кои си легнуваат порано, или релативно рано, имаат само 50 поени.


Главниот научник, кој го водел истражувањето, верува дека креативноста доаѓа од “развојот на духот, кој е различен од популарното и способноста за изнаоѓање на алтернативни и оригинални решенија.”

Кога стануваш во 6 наутро, обично во 9 веќе си многу уморен, што значи дека во 5 веќе немаш сила за ништо. Може и да започнувате денот со енергија, но по ручекот веќе не е така. Ранобудните луѓе всушност постигнуваат автогол за втората половина од денот.

Истражувачите во белгискиот универзитет изучуваат 15 лица, кои стануваат многу рано и 15, кои се ноќни птици. Оние кои станувале многу рано имале пониски нивоа на активност во деловите од мозокот кои се одговорни за концентрација, во споредба со “ноќните птици”.

Луѓето кои си легнуваат подоцна се многу напред во временскиот циклус и доживуваат многу моменти, додека останатите луѓе спијат. Исто така, тие имаат и подобро расположение во текот на денот.

Тим од истражувачи на BBC ја анализирале плунката на 42 волонтери кои имаат различен распоред за спиење. Плунката била истражувана осум пати во текот на денот за 2 дена вкупно. Откако детално ги анализирале сите примероци, тие достигнуваат до заклучок дека луѓето кои стануваат порано имаат повисоки нивоа на холестерол и премногу хормони на стрес во споредба со луѓето кои стануваат подоцна.

Потоа, ранобудните се пожалија и од болки во мускулите, симптоми на настинка и главоболка. Истражувањата покажуваат и дека тие се во лошо расположение, како целина.

Раното станување секогаш било знак на силна способност за концентрација, вработување, но и стрес, и караници во текот на денот, како и повисоки нивоа на зајадливост и помалку енергија на крајот на денот.