Како да се заштитиме од туѓата негативна енергија



Луѓето кои се вистински енергетски вампири – вечно се жалат, вечно се незадоволни, вечно имаат потреба од сочувство. Луѓето кои се способни само за 5 минути да ги исцедат сите твои сили, целата твоја позитивна енергија.


Луѓето кои ги убиваат комплексите врз човекот против себе. Луѓето кои ги пореметуваат соништата на другите, само затоа што самите си ги пореметиле своите …

Еве ги 5-те работи кои треба да ги направите за да престанете да ја впивате туѓата негативна енергија:


1. Запамети дека не можеш да им угодиш на сите.

Ако некој се држи грубо со тебе, ако покажува дека не те сака и ако бара конфликт со тебе, не троши енергија да се обидуваш да го натераш да те сака. Нема како сите да те сакаат. Најважно е самиот да си се допаѓаш.


2. Внимавај кого покануваш во својот живот.

Твоето тело, ум и средината во која живееш и работиш, се твојот храм. Кого покануваш во него? Човек треба да е дарежлив, но тоа не значи да дозволува да биде користен. Во спротивно нема да може да им помогне на оние кои навистина им е потребна поддршката. Најдоброто што можете да направите, е да се научиш да велиш “Не”.

3. Застанете да посветувате внимание.

Паразитот има потреба од странски организам, за да живее. Кога го свртуваш вниманието на луѓето со негативни вибрации, ти им даваш од својата енергија. Можеби си се претворил во “полначот” за некој кој има проблеми во работата, во семејството или со самиот себе.

4. Диши сред природата.

Излегувај на чист воздух, медитирај, одмори, диши. Пречисти го телото и душата. Оди гордо со исправена глава и не дозволувај никому да те кара. Не превземај го туѓиот гнев. Не подлегнувај на туѓото разочарување. Не дозволувај никому да ја убие среќата во тебе.

5. Преземи ја одговорноста за сопствените мисли и емоции.

Не биди жртва. Никој нема влијание врз тебе. Освен, ако ти не му дозволиш. Поврзи се со твојот внатрешен центар, отвори го својот внатрешен мир. Најди одмор во себе.