Има луѓе кои сакаат да бидат долго време неженети, наместо да бидат во односи со несоодветни партнери. На другата крајност се оние кои се впуштаат од врска во врска, само да не бидат сами. Ова може да биде многу исцрпувачки за емоциите и дури може да влијае на целокупниот став на човекот кон љубовта и врските.
Во случај да во последно време се впуштите во различни односи со спротивниот пол или пак сте „застанати” во една врска и не се сеќавате кога последен пат сте останувале сами, проверете дали не е време да паузирате и да се одморите од љубовта. Еве ги и знаците:
1. Се чувствувате истоштени. Без разлика дали имате долга врска или едноставно сакате да излегувате со различни партнери, во еден момент ќе почнете да се чувствувате истоштени. Ова е еден од најважните знаци дека е време за промена.
2. Располагате со ограничено или никакво лично време. Ако не се сеќавате кога последен пат сте останувале дома сами, гледајќи го вашиот омилен филм или едноставно лежите во кревет, тогаш е време да размислите за тоа како течат вашите денови и колку внимание реално посветувате на себе и своите потреби.
3. Често мислите за разделба. Во случај да сте со партнерот многу време, а често мислите за разделба, тоа можеби е знак дека всушност не сте среќни. Можеби имате потреба од време и простор за да ги разместите мислите и чувствата.
4. Имате помалку среќни моменти отколку тажни. Ниту еден човек не треба да биде несреќен, а перманентно такви состојби никако не се препорачуваат. Без разлика на тоа каков начин на живот водите – со еден партнер или многу такви, време е за промена. Очигледно на овој начин нема да најдете среќа.
5. Животот ви е неурамнотежен. Ако очајно барате партнер и ја запоставувате работата, пријателите и семејството – очигледно сте го изгубиле балансот и време е да ги преуредите приоритетите.
6. Вашите пријатели и семејство се загрижени за вас. Ако тие се загрижени за даден аспект од вашиот живот, тогаш најверојатно има причина тоа да биде така. Не отфрлајте го нивното мислење.