Дали имате доволно време за себе?



Советите што следат звучат многу едноставно. Лесно е за читање и паметење. Најтешкиот дел е акцијата и извршувањето – потребна е самодисциплина. Еве неколку што, можеби, ќе ви го олеснат денот и ќе имате повеќе време за себе:


1. Поставете си цели. Да, токму така. Цели. Не е исто да ги поставите на хартија и да си ги замислувате и да се оптоварувате постојано околу ова. Запишете ги. Сите. И малите и големите. Претпоставуваме дека Вашите цели се SMART.

Ако имате високи цели, не се обесхрабрувајте – има едно многу практично решение. Тоа е како да си речете себе си дека треба да изедете цел слон. А како се јаде слон? Се дели на парчиња и се јаде едно по едно.


2. Планирајте – докажано е луѓето што ја планираат својата иднина и својот живот, поуспешни од останатите. Такви се 3% од популацијата. Останатите луѓе посветуваат повеќе време на планирање на својот одмор, отколку на работниот ден, месец или година.

3. Завршете го тоа што ќе го почнете. Најголем дел од задачите и работите луѓето не ги завршуваат бидејќи имаат прекини во работењето. Испитувањата кажуваат дека менаџерите секои две минути или сами ја прекинуваат работата или некој ги прекинува. Одговарајте на повици или исклучете се во одредено време во текот на денот. Најверојатно ќе преживеете ако некое време во текот на денот исклучени телефоните, Skype, нотификациите за меилови и др.


4. Не почнувајте друга задача додека не ја завршите предходната. Настојувајте ова да биде што почесто, иако секогаш не е возможно.

5. Дефинирајте ги приоритетите – Не се сите работи подеднакво важни во исто време. Ниту пак можат да се завршат во исто време.
Постојат три категории на задачи: Што треба да се завршат веднаш, да се одложат или воопшто да не се завршат. Дали секогаш истата задача е битна и итна? Многу ретко. Итна е кога претходно била одложувана. Се таложат обврски, задачи, купот што треба да биде завршен расте. Уште ако сте на такво работно место каде комуницирате со повеќе оддели, имате повеќе претпоставени или директори, постои тенденција сите да бараат веднаш да ја завршите задачата. Ако ситуацијата дозволува – оставете ги нека се договорат на кого и која задача што треба да се заврши е поважна и таа завршете ја. На крајот на денот, луѓето ќе се однесуваат кон Вас така како што сте ги научиле.

6. Не си наметнувајте самите мултитаскинг. Што е мултитаскинг? Секој знае – вршење повеќе задачи истовремено. Со тоа се зголемува процентот на направени грешки во секоја од работите и се зголемува времето на завршување на секоја од работите, отколку кога би ги завршувале една по една (истражувањата велат барем двојно). Но, овде не се бројат прекините на задачите заради одговарање на телефонски повици, праќање SMS-и, одговарање на Skype повици.

За да ова Ви стане секојдневие потребно е време, 2-3 недели посветеност и веќе ќе биде поинаку. Барем ќе имате повеќе време за себе.
Ако се наоѓaте пред некој предизвик, проект или едноставно сакате да Ве контактираме, оставете го Вашиот е-маил.

За настаните што следат повеќе на нашиот компаниски сајт или на Facebook.