Како да јадеме овошје и зеленчук по 10 пати на ден



– Заменете ги овошните млека кои се сиромашни со вистински плодови, но за сметка на тоа изобилуваат од шеќер, со јогурт, кон кое се додадени 3 лажици замрзнати или конзервирано овошје или овошно пире – 1 порција.


– Не заборавајте дека вклученото овошје и зеленчук, исто така се брои. Посното јадење од зеленчук или растително кари е еквивалентно на 3 порции. Исто така може да ја зголемите содржината на зеленчук (морков, пиперки, кромид, спанаќ) во јадења како шпагети или пита.

– Во јадењата со месо можете да го користите следниов трик – да ја намалите месната содржина за сметка на зеленчук. Така ќе заштедите пари и ќе се приближите кон 10-те порции дневно. Додавањето на 3 лажици готвен или конзервиран грав или леќа кон јадењата со месо е еднакво на 1 порција.


– Многу луѓе не се придржуваат до препораките да консумираат повеќе овошје или зеленчук, бидејќи немаат време да ги купат или подготвуваат. Во таков случај тие можат да бидат заменети со конзервирани. На пример 3 полни лажици пченка се еднакви на 1 порција.

– За поголема корист за здравјето обичните компири можат да бидат заменети со слатки компири или друг коренест зеленчук.


Страни: 1 2