Како да дознаете дали некој ве прислушкува



Секојдневно се откриваат нови методи за прислушкување на телефоните и следење на комуникациите преку интернет со бројни афери, како во Македонија, така и во светот.


Доколку се сомневате дека некој ве прислушкува, следниве показатели може да ви потврдат дали вашиот мобилен телефон е загрозен, советуваат од mobilni.mk.

Батеријата премногу се загрева

Еден од најчестите показатели за прислушкување е состојбата на батеријата на телефонот. Набљудувајте го својот мобилен телефон кога не го користите – ако е топол, а не е на полнач или премногу користен со игри и интернет, тоа значи дека и понатаму е „активен“.


Затоа кога телефонот се прислушкува, батеријата се троши многу брзо,а прислушкуваните телефони со новите технологии може да бележат разговори во својата околина дури и ако се во состојба на мирување.

Страни: 1 2 3