Како да направите 9 литри сок од 4 портокали



Ако го следите овој рецепт, ќе си направите одличен природен пијалок, полн со витамини и жива енергија. Не може да се каже истото за сокот од портокали, кој го купуваме од продавница.


Затоа измијте 4 портокали со врела вода и потоа исушете ги. Ставете ги во замрзнувач 2 часа, а најдобро за цела ноќ. Потоа исецкајте ги. Прелијте ги со 3 литри ладна зовриена вода и оставете ги околу 10 минути.

Исцедете во сито (за отстранување на големите парчиња), а потоа во ситна цедалка.


Во прецедениот сок додадете 6 литри вода, 800 грама кафеав шеќер (или 500 грама мед) и 30 грама лимонска киселина. Измешајте сè, истурете во стаклени шишиња (или големи тегли) и оставете го да отстои околу еден час.

Конечно треба да добиете 9 литри вкусен и сосема природен сок од портокал.


Погледнете на фотографиите:

Страни: 1 2