Хороскоп за јануари 2016 година



{-ЈАРЕЦ-}


Љубов
Започнува најубавиот месец од годината за вас. Неколку клучни планети ќе го посетат вашиот знак и ќе ви покажат дека животот може да биде магичен и безгрижен. Сонцето ќе ги помине првите 20 дена во вашиот знак, а на 23 јануари таму ќе се всели и хармоничната Венера. Време е да престанете да живеете за другите и дозволете овој месец другите за живеат за вас.
Луди забави во друштво на партнерот, танцување со пријателите до утринските часови, топли зборови кои извираат од срце – вака ќе изгледа почетокот на месецот за јарците. Под влијание на енергичниот Марс, кој на 3 јануари влегува во вашата 11-та куќа на пријателството и групните активности, еуфоричната треска ќе ве држи долго по празниците. Многу јарци ќе добијат желба да го истакнат својот сексапил.
Венера, планетата на љубовта и убавината, до 23 јануари ќе престојува во вашата 12-та куќа на завршетоците и лекувањето. Нема да дозволувате ништо да ве повреди и решително ќе ги фрлите од себе емоциите кои ве измачувале. Ќе се отворите за нови почетоци, а токму тоа и ќе го добиете на крајот на јануари, кога романтичната планета ќе се пресели во вашиот знак.
Искористете го интелектот како свое најсилно оружје за покорување на лицата од спротивниот пол по 8 јануари, бидејќи комуникативниот Меркур тогаш се вселува во вашиот знак.
Одличен ден за нови почетоци е 10 јануари. Тогаш настапува млада месечина во вашиот знак.
Во последната седмица од месецот Венера ќе престојува во вашиот знак. Очекувајте љубовна ренесанса. Романтични изненадувања, љубовни изјави, комплименти и напливи на силни емоции ќе ви го најават прекрасниот период кој ќе трае до 17 февруари.
Работа
Распалете со идеи и предлози на работното место уште на почетокот од годината. Сонцето ќе ве стави во центарот на вниманието до 20 јануари, па колегите и претпоставените ќе бидат желни да ве слушаат.
Среќниот Јупитер цел месец е во вашата куќа на експанзијата. Ќе успеете да го зголемите вашето присуство на интернет или ќе ги свртите социјалните мрежи во ваша корист за да си го подобрите имиџот. Не се плашете да ризикувате и раширете ги вашите хоризонти.
Вашиот најсреќен период започнува на 10 јануари со настапувањето на младата месечина во вашиот знак. Само напред, продолжете со смелите потези во вашата кариера.
На 24 јануари настапува полна месечина во вашиот сектор на богатството и заедничките инвестиции. Зделка која сте ја направиле пред неколку месеци сега ќе ви ја зголеми цифрата на банкарската сметка. Трошењето на пари ќе ви стане задоволство, а не главоболка.
Здравје
Доколку на крајот на минатата година си ветивте дека од јануари почнувате со здрав начин на живот, сега тоа ќе ви стане реалност. Сонцето до 20 јануари ќе престојува во вашиот знак, давајќи ви доволно енергија да ги постигнете и најамбициозните цели.
Уште на 10 јануари ќе наидете на огромен успех. Младата месечина која ќе настапи во вашиот знак ќе го означи почетокот на ново поглавје во вашиот живот.

{-ВОДОЛИЈА-}


Љубов
Љубовта и пријателството ќе се испреплетуваат во текот на јануари. Венера, планетата на љубовта и убавината, до 23 јануари ќе патува низ вашиот сектор на пријателството, зголемувајќи ги шансите да се појават романтични искри помеѓу вас и лице кое сте го нарекувале „само пријател“.
На почетокот на месецов ќе ги одложувате романтичните средби со саканиот за да бидете дел од големи забави. Само напред, тоа ќе ви ги зачини односите.
Не се плашете да флертувате со зборови на вториот ден од новата година. Комуникативниот Меркур влегува во вашиот знак, давајќи ви сексапилен и моќен глас. Не се изненадувајте ако претставниците на спротивниот пол ве гледаат како хипнотизирани. Никој нема да може да остане рамнодушен кога ќе одлучите да зборувате.
Сексапилниот Марс на 3 јануари влегува во вашата 10-та куќа на мажите. Ако за дочекот на новата година не запознавте ниту една личност што би можела да го освои вашето срце, тоа ќе се случи непосредно по празниците. Не верувате во љубов на прв поглед? Подгответе се за промени.
Доколку имавте нерасчистени сметки со ваш бивши или тој честопати ве молеше за втора шанса, во последната седмица од јануари ќе одлучите дали сакате таа личност повторно да биде дел од вашиот живот или не. Венера, планетата на љубовта, на 23 јануари влегува во вашата 12-та куќа на завршетоците и опростувањето. Ако сте во врска, Венера ќе ве поттикне да зборувате отворено за вашите интимни фантазии.
24 јануари ќе биде најубавиот ден на љубовен план за вас. Тогаш настапува полна месечина во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства и обврзувањето.
Работа
„Полека, но сигурно“, ова нека стане ваша мантра во текот на првите 20 дена од месецов. Сонцето дотогаш ќе престојува во вашата 12-та куќа на одморот и завршетоците, поттикнувајќи ве да не прифаќате нови задачи и проекти додека не ги завршите старите.
За разлика од Сонцето, Марс ќе ви ја зголемува амбициозноста и ќе ве тера да внесувате огромна енергија во нештата кои ги извршувате. Огнената планета на 3 јануари ќе премине во вашата 10-та куќа на кариерата и долгорочното планирање, па свртете го вашиот поглед кон подалечната иднина.
На 24 јануари настапува полна месечина во вашата 7-ма куќа на обврзувањето и договорите. Околу овој датум решително ќе го ставите вашиот потпис на хартија за да го означите почетокот на соработка за која сте работеле со месеци.
Здравје
Тргнете ги завесите на вашиот живот и дајте си уште неколку недели одмор пред амбициозно да се фрлите во акција. Сонцето ќе ги помине првите три недели од месецов во вашата поспана 12-та куќа, па слушајте го телото и дајте му дополнителни часа сон.
Во последните 10 дена од месецов Сонцето ќе влезе во вашиот знак и ќе ве награди со огромна енергија. Најдете ја книгата со здрави рецепти и подгответе ја спортската опрема. Никој нема да може да ве запре.
Избегнувајте ги луѓето кои ви ја „цицаат“ енергијата во периодот од 5 до 25 јануари, додека трае ретроградното движење на Меркур.

{-РИБИ-}


Љубов
Новата година ќе ве поттикне да си поставите цели не само на професионален план, туку и на љубовен. Венера, планетата на љубовта и убавината, ќе ги помине првите три недели од јануари во вашата куќа на структурата и долгорочното планирање, па ќе копнеете по уверување дека вашите планови за иднината се совпаѓаат со оние на саканиот. Многу парови отворено ќе разговараат за своите замисли за иднината.
Ако сте сингл, личност од посилниот пол ќе добие специјално место во вашиот живот. Тоа може да е нов додворувач или нов партнер.
Под влијание на Сонцето, кое до 20 јануари ќе престојува во вашата друштвена 11-та куќа, ќе ѝ се придружите на забавата заедно со саканиот. Ноќите пред ТВ ќе ги замените со луди танцувања на подиумот, а јадењето пуканки, со гласно пеење до утринските часови. Ако сте сингл, многу лица ќе посакаат да бидат дел од вашиот живот, затоа што отстрана тој ќе изгледа екстра забавен и возбудлив.
Врските со важните за вас лица ќе скокнат на ниво погоре, под влијание на среќната планета Јупитер, која ќе патува цел месец во вашата куќа на сериозните партнерства и обврзувањето. Некои риби ќе влезат во врска со додворувач со кој се состанувале долго време, други ќе ја официјализираат долгата врска, додека трети ќе се израдуваат на веренички прстен на раката.
На 3 јануари сексапилниот Марс влегува во вашата 9-та куќа на слободата и авантурите, каде ќе остане до крајот на месецов. Големи се шансите дека ќе се фрлите во прегратката на лице кое малку го познавате, но за кое сте убедени дека нема да ве разочара. Со него ви претстои прекрасна иднина. Понекогаш најубавите врски се раѓаат спонтано.
Работа
Јануари е месец на тимската работа и групните проекти за вас, нешто кое ќе ве усреќува повеќе отсекогаш. Сонцето до 20 јануари ќе престојува во јарец, вашата 11-та куќа на групните активности и технологијата. Ќе обожавате кога покрај вас има многу лица со различни идеи, бидејќи тоа ќе го стимулира вашиот ум.
Уште на почетокот од месецов можно е да воспоставите контакт со влијателна личност од друга држава, која ќе ви помогне да заминете на работа во странство или со која ќе започнете меѓународен бизнис. Марс, планетата на енергијата, на 3 јануари влегува во шкорпија, вашата 9-та куќа експанзијата. Некои риби ќе го прошират својот бизнис.
На 10 јануари настапува млада месечина во вашата 11-та куќа на технологијата. Внимателно читајте ги и одговарајте на вашите електронски пораки. Можно една од нив да содржи важна понуда.
Здравје
Најуспешни во исполнување на вашите фитнес цели ќе бидете кога трчате кон нив рака за рака со друго лице. Сонцето до 20 јануари е во вашата куќа на групните активности, па поканете го вашиот сакан во фитнес салата, придружете ѝ се на вашата најдобра пријателка на часот по јога или обидете се со групен спорт.
Во последните 10 дена од месецов ќе чувствувате потреба да го намалите темпото на живот и да се релаксирате. Престојот на Сонцето во вашата 12-та куќа ќе ве направи сонливи, но добрата вест е што конечно ќе си го дадете потребниот 8-часовен сон.
На 24 јануари настапува полна месечина во вашата 6-та куќа на здравите навики. Ќе прогласите голем триумф над навика која ве иритирала во последните неколку месеци или целосно ќе ја промените вашата исхрана.

Извор: lepotica.mk

Страни: 1 2 3 4 5