Хороскоп за јануари 2016 година



{-БЛИЗНАЦИ-}


Љубов
Почетокот на годината ќе ви ги инјектира во телото најубавите чувства кои постојат. Сонцето до 20 јануари ќе престојува во вашата 8-ма куќа на сродните души и интимноста, зближувајќи ве со партнерот сè повеќе и повеќе со секој изминат ден. Можно е на моменти дури и да ви се чини дека можете да ги прочитате неговите мисли. Многу сингл близнаци ќе пронајдат топла прегратка во која со задоволство ќе потонуваат.
И Венера, планетата на љубовта и убавината, е на ваша страна. Оваа романтична планета повеќе од три недели ќе престојува во вашиот сектор на сериозните партнерства и обврзувањето. Некои близнаци ќе прослават свршувачка, додека други ќе започнат нова стабилна врска.
Ако сте сингл, очекувајте Венера да ви донесе слаткоречив додворувач кој ќе ве одушеви со својата нежност. Повеќе ќе ве привлекуваат романтичните души одошто шегаџиите и лошите момци, а тоа ќе ве поштеди од многу главоболки.
На 8 јануари комуникативниот Меркур со ретроградно движење преминува во вашата 8-ма куќа на интимноста. Можно е во периодот 8-25 јануари да имате намалена желба за физичка блискост и често да смислувате изговори за да го одбиете саканиот. Во тој период фокусирајте се повеќе на заедничките излегувања, а поретко останувајте дома.
На 10 јануари настапува млада месечина. Мислевте дека не постои личност која е како родена за вас? На овој датум ќе се убедите дека грешевте.
Крајот на месецот ќе ви ја разбуди заводливата страна и либидото нагло ќе ви се зголеми. Романтичната Венера на 23 јануари влегува во јарец, а во истиот сектор два дена подоцна Меркур ќе го прекине ретроградното движење. Љубовта ќе биде во воздухот, а вие ќе ја вдишувате како најубава арома.
Работа
Организираноста ќе ви биде најсилна страна во текот на јануари. Ако некој може во секој момент да каже каде се наоѓа секој документ или кога започнува секој состанок, тоа ќе бидете вие.
Амбициозниот Марс на 3 јануари ќе влезе во вашата 6-та куќа на организираноста и ефикасноста, поттикнувајќи ве да го преуредите секое катче од вашиот живот. Аналитичниот ум, кој ќе ви работи со 300 на час, ќе ви помага да не пропуштате ниту еден детаљ. Ова е одличен период за потпишување договори или склучување зделки. Никој нема да може да ве измами.
Сонцето ќе ги помине првите три недели од месецот во вашата 8-ма куќа на богатството и заедничките инвестиции, поттикнувајќи ве да не инвестирате сами во вашите идеи. Пронајдете истомисленици и здружете ги вашите ресурси, така ќе бидете далеку поуспешни.
На 24 јануари настапува полна месечина во лав, вашата 3-та куќа на комуникацијата. Околу овој датум ќе завршите макотрпни преговори кои сте ги воделе со месеци или ќе финиширате проект кој е многу важен за вас.
Здравје
Подгответе ја вашата спортска опрема, бидејќи почетокот од годината ќе ги реализира сите ваши ветувања. Доколку си ветивте дека во новата година редовно ќе вежбате или дека ќе се храните здраво, јануари ќе биде само вовед во вашиот нов начин на живот.
Енергичниот Марс на 3 јануари влегува во вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот. Откако ќе стивне новогодишната еуфорија, вие со нови сили ќе се фрлите на работа за да ги постигнете вашите цели, независно дали тоа е добивање на тонирано тело или откажување од пушењето.

{-РАК-}


Љубов
Сексапил, заводливост, жед за флертување… Јануари ќе ве направи најпосакуваната личност во вашето друштво. Ќе ги привлекувате погледите кон себе само што ќе се појавите во одредена просторија, благодарение на огнената планета Марс, која од 3 јануари започнува патување во вашата романтична 5-та куќа. Подгответе се за жежок почеток на годината, а ако сте во врска, не е исклучена веројатноста да се израдувате на позитивен тест за бременост.
Сонцето ќе ги помине првите три недели во вашиот сектор на сериозните партнерства и обврзувањето. За многу сингл ракови почетокот на новата година ќе донесе промена во љубовниот статус. Барајте многу од спротивниот пол, бидејќи реално можете да добиете сè што ќе посакате.
Меркур, планетата на комуникацијата, уште на 5 јануари започнува да се движи ретроградно низ вашите куќи на интимноста и партнерствата и ќе го прави тоа до 25 јануари. Внимавајте што споделувате со саканиот и како ги започнувате сериозните разговори. Во смиреноста е клучот за успешен период.
На 10 јануари настапува млада месечина во јарец, вашата 7-ма куќа на љубовта и зближувањето. Започнува ново шестмесечно поглавје во вашиот љубовен живот, во кое нема да се плашите да му го подарите вашето срце некому. Ако сте во врска, сега е вашата шанса да започнете од почеток. Избришете ги кавгите и недоразбирањата и исполнете ги меѓусебните односи со саканиот со хармонија.
Купидон ќе ве прободи со својата најслатка стрела на крајот од месецот, кога романтичната Венера ќе се пресели во вашата хармонична 7-ма куќа. Ах, љубов!
Работа
Потпишете го договорот кој долго време ја чека вашата одлука. Јануари ќе ве поттикне да започнете прекрасни партнерства и соработки, оставајќи ги неоснованите сомнежи кон луѓето зад себе. Сето тоа под влијание на Сонцето, кое ќе ги помине првите три недели во вашиот сектор на обврзувањето и договорите.
Не се изненадувајте ако по 3 јануари сите дотрчуваат кај вас за да ве прашаат за идеја или мислење. Престојот на амбициозниот Марс во вашата 5-та куќа на креативноста ќе ве направи незаменлив фактор не само на работното место, туку и во домот.
На 10 јануари настапува млада месечина во вашата 7-ма куќа на сериозните партнерства и договорите. Околу тој ден ќе сретнете личност со идеи кои совршено ќе ги надополнуваат вашите, па можно е да ја кренете чашата со шампањ за да наздравите за нова соработка.
Доколку не сте вработени, очекувајте добри вести во последната седмица од месецов.
Здравје
У-ла-ла. Венера, планетата на убавината, речиси цел месец ќе престојува во вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот, поттикнувајќи ве да се грижите за вашето тело не само надворешно, туку и внатрешно. Зачестете ги вашите посети во фитнес салата и наоружајте ја вашата кујна со здрави намирници. Кој вели дека празниците треба да ви подарат неколку килограми плус? Тоа не ваши за личност со огромна самоконтрола како што сте вие.
Ако со месеци сте се обидувале да се откажете од ваш порок или лоша навика која ви ја крадела енергијата, тоа ќе го постигнете на 24 јануари. Полната месечина, која настапува во вашиот сектор на секојдневните навики и рутините, ќе означи триумф на сите ваши напори.

{-ЛАВ-}


Љубов
Ќе уживате во вниманието и комплиментите во првиот месец од годината. Венера, планетата на љубовта и убавината ќе ги помине првите три недели од јануари во вашата 5-та куќа на страста, флертувањето и гламурозниот изглед. Ќе привлекувате погледи со вашиот изглед и постојано ќе бидете меркани од глава до пети, но тоа наместо да прави да се чувствувате непријатно, ќе ви ја зголемува самодовербата.
Романтичната планета ќе ја размрда вашата врска и ќе ве поттикне почесто да преземате иницијативи за интимност со партнерот. Честопати вашиот сексапил ќе станува магнет за неговите раце. Ако сте сингл, не се задоволувајте со ништо помалку од најдоброто. За вас нема да постои личност која е недостижна.
Комуникативниот Меркур ќе го дополни вашиот шармантен поглед со префинето изразување на 2 јануари, кога ќе ја посети вашата 7-ма куќа на љубовта и зближувањето. Ќе заведувате не само со очи, туку и со зборови. Меркур може да врати ваш поранешен партнер во вашиот живот во периодот од 5 до 25 јануари. Не носете избрзани одлуки, туку внимателно размислете дали ќе му дадете втора шанса или засекогаш ќе го затворите тоа поглавје од вашиот живот.
Ако сте во брак, сексапилниот Марс ќе ја жешти атмосферата под вашиот покрив по 3 јануари, кога ќе се пресели во вашиот сектор на домот и семејството. Некои лавови токму сега ќе одлучат да основаат свое семејство.
Самоуверено ќе се покажете пред светот на 24 јануари, кога ќе настапи полна месечина во вашиот знак. Тоа ќе биде еден од најубавите денови од јануари за вас.
Работа
Ќе знаете како се заработува во текот на јануари и ќе ја намирисувате секоја можност која може да ви ја зголеми цифрата на банкарската сметка. Среќниот Јупитер престојува во вашата 2-ра куќа на работата и парите, носејќи ви огромен успех на професионален план.
Ретроградното движење на Јупитер, кое ќе започне на 7 јануари, ќе ве научи дека треба да бидете внимателни како ги трошите парите и дека секогаш треба да имате заштеда за црни денови. Можно е да стапите во контакт со поранешен работодавач или клиент и да добиете совршена понуда за работа. Ќе научите како со ентузијазам се станува наутро за на работа.
Сонцето до 20 јануари ќе престојува во вашата 6-та куќа на организираноста и ефикасноста, па ќе бидете точни и ќе го презирате хаосот. Ќе ги запазите сите рокови и ќе внимавате на секоја ситница. Успехот е гарантиран.
Здравје
Сонцето до 20 јануари ќе престојува во вашата 6-та куќа на здравјето и фитнесот, па ако постои период кој треба да го искористите максимално за да создадете здрави навики, тоа е дефинитивно овој.
Дополнително Јупитер, планетата на оптимизмот, цел месец патува во вашата 2-ра куќа на секојдневните навики, поттикнувајќи ве да си поставувате високи цели без да ја штедите вашата енергија. Не грижете се, ќе ги постигнете.
Ретроградното движење на Меркур од 5 до 25 јануари може да ве направи склони кон вируси и настинки. Земајте превентивно витамин Ц, мијте ги редовно вашите раце и избегнувајте ги најчестите извори на стрес.

Страни: 1 2 3 4 5