Хороскоп за јануари 2016 година



{-ДЕВИЦА-}


Љубов
Започнува месец исполнет со романтични моменти, забавни флертувања и семејни собири. Додека сите се тресат од студ, вам ќе ве грее љубовта. Сонцето до 20 јануари ќе престојува во вашата 5-та куќа на страста, романсата и флертувањето, а три дена подоцна таму ќе се всели романтичната Венера.
Каде и да одите, ќе привлекувате погледи кон себе, најмногу поради вашата склоност да внимавате на секој детаљ. Фризурата, шминката, облеката… сè ќе биде прецизно вклопено во уникатен изглед. Очекувајте љубовта да се појави на неочекувано место, кога најмалку ја очекувате.
Под влијание на Сонцето, некои девици ќе се израдуваат на прекрасна вест за бременост.
Романтичната Венера до 23 јануари ќе престојува во вашата 4-та куќа на домот и семејството. Ако сте во брак или живеете во ист дом со вашиот сакан, искористете ги првите три недели од јануари за да поминете квалитетно време заедно. Почесто договарајте филмски маратони, романтични вечери на свеќи или мрзеливи појадоци в кревет. Во последната недела од јануари нема да можете да одречете дека сте заљубени. Ако сте сингл, Венера ќе ве турне во прегратката на личност со која дотогаш сте се меркале со поглед. Уживајте!
Јупитер, планетата на среќата и оптимизмот, цел месец е во вашиот знак, па ќе се фокусирате на себе. Сепак, имајте на ум дека Јупитер ќе се движи ретроградно и дека се големи шансите да бидете колебливи на љубовен план.
На 8 јануари комуникативниот Меркур преминува со ретроградно движење во вашиот романтичен сектор. Можно е да му испраќате погрешни сигнали на лице од спротивниот пол, па бидете повнимателни на каде го насочувате погледот.
10 јануари за вас е еден од најсреќните денови во годината на љубовно поле. Тогаш настапува млада месечина во вашата куќа на страста, флертувањето и романсата. Универзумот ќе се обедини за да ви покаже колку сте сакани. Насладувајте им се на новите почетоци.
Работа
Слободата во комуникацијата и брилијантните идеи ќе ве постават на врвот на работното место, под влијание на амбициозниот Марс, кој на 3 јануари влегува во вашата 3-та куќа на интелектот и идеите. Можно е ваш проект да наиде на огромна поддршка од влијателни лица. Месецов ќе биде особено успешен за девиците вработени во сферата на маркетингот и продажбите.
Јупитер, планетата на среќата, цел месец престојува во вашиот знак, но од 7 јануари ќе се движи ретроградно. Време е да ги преразгледате вашите финансиски планови за да се уверите дека нема да влезете во долгови.
Меркур, вашата планета владетел, на 5 јануари преминува во ретроградно движење во вашата куќа на организираноста. Можно е често да имате проблеми со наоѓањето на документи или со комуникацијата со клиентите и соработниците. Читајте ги по неколкупати мејловите пред да го притиснете копчето „испрати“.
Здравје
Во првите три недели на јануари ќе им се препуштате на земните задоволства и нема да мислите многу на здрав живот. Ќе си дозволувате покалорична храна и прескокнување на вежбањето под влијание на Сонцето кое ќе ве направи вистински хедонисти.
На 20 јануари Сонцето преминува во вашата 6-та куќа на здравите навики. Ќе се упатите на пазар и ќе го преполните вашиот фрижидер со здрави овошни плодови и зеленчици. Во последната недела од јануари ќе бидете расположени за поинтензивни тренинзи.

{-ВАГА-}


Љубов
Дружење, дебати и семејни средби, јануари ќе ви даде енергија да бидете насекаде и дел од секој разговор.
Венера, планетата на љубовта и убавината, која воедно е и ваша планета владетел, три недели ќе престојува во вашата 3-та куќа на комуникацијата, правејќи ве вистински уметник во игрите со зборови. Ако некој може да го разбуди интересот на претставниците на спротивниот пол само со еден краток разговор, тоа ќе бидете вие. Можно е љубовни искри да се разгорат меѓу вас и ваш познаник за време на случајна дебата.
Меркур, планетата на комуникацијата, во периодот 5-8 јануари ќе се движи ретроградно во вашата 5-та куќа на страста, романсата и флертувањето. Големи се шансите да ве контактира ваш поранешен партнер или пак во вашата врска да се вмеша личност од минатото.
На 3 јануари сексапилниот Марс ќе ја вивне до небо вашата самодоверба. Кога вие верувате во себе, нема како другите да не го прават тоа.
Љубовта ќе го угрее вашето лице и ќе ве исполни со позитивна енергија на 20 јануари, кога Сонцето ќе ги насочи своите зраци кон вашиот сектор на страста, романсата и флертувањето. Љубовни почетоци, романтични изненадувања, флертувачки погледи, жешки игри… последните десет дена од месецов се идеални за љубов.
Работа
Незапирливиот Марс на 3 јануари влегува во вашата 2-ра куќа на работата и парите, каде ќе остане до крајот на месецов. Додека сите полека се освестуваат од празничната зашеметеност, вие енергично ќе летате кон врвот. Можно е први на работното место да добиете понуда за повисока позиција или за преместување во нов сектор каде ќе заработувате повеќе. Прифатете ја понудата без да се плашите од дополнителните обврски.
До 20 јануари Сонцето ќе ја осветлува вашата куќа на жените. Ако имате можност да избирате, остварувајте деловни соработки со припаднички на понежниот пол.
Среќниот Јупитер ќе го помине цел месец во вашиот сектор на фантазиите и одморот, терајќи ве почесто да ѕиркате во вашата имагинација и од неа да влечете идеи. Ако нешто можете да го визуализирате во вашата глава, тогаш можете и да го реализирате.
Работете тимски на крајот на месецов, а избегнувајте ја потребата да останувате сами меѓу купот документи.
Здравје
Во текот на јануари голем дел од времето ќе го поминувате во вашиот дом, па преселете ги вашите тренинзи под вашиот покрив. Сонцето до 20 јануари ќе престојува во вашиот фамилијарен сектор, па голема е веројатноста член од вашето семејство да ве инспирира и мотивира да живеете поздраво.
На 3 јануари енергичниот Марс влегува во вашата 2-ра куќа на секојдневните навики, носејќи промени во вашиот начин на живот. И најмалите промени ќе ве усреќуваат.

Страни: 1 2 3 4 5