Хороскоп за јануари 2016 година



{-ШКОРПИЈА-}


Љубов
Јануари ќе го извади на површина вашиот нескротлив дух. Амбициозниот и сексапилен Марс на 3 јануари ќе влезе во вашиот знак, каде ќе остане до крајот на месецот, исполнувајќи ве со страст и желба за физичка блискост.
Во врска сте? Под влијание на Марс ќе имате зголемено либидо и почесто ќе иницирате интимни игри со саканиот зад затворени врати. Марс ќе го акцентира вашиот сексапил, па многу погледи ќе гравитираат само околу вас. Ако не сте во врска, Марс ќе ве поттикне да бидете посмели при флертувањето и похрабри при изборот на нов партнер.
Венера, планетата на љубовта, убавината и хармонијата, до 23 јануари ќе патува во вашата куќа на стабилноста. Нема да ве интересираат кратки љубовни авантури. Доколку одлучите да споите усни со некого, тоа ќе биде затоа што во тоа лице гледате сериозен кандидат за освојување на вашето срце. Во врска сте? Венера ќе ве поттикне почесто да кроите планови за иднината со саканиот и да работите на зацврстување на вашата врска.
Доколку сте во брак, бидете внимателни во периодот 5-8 јануари, кога Меркур ќе се движи ретроградно во вашиот сектор на семејството и жените. Во овој период е зголемена веројатноста за семејни расправии или кавги поради женска индивидуа.
На 20 јануари Сонцето ќе влезе во вашиот сектор на семејството, враќајќи потполна хармонија под вашиот кров. Шкорпиите кои се во брак ќе уживаат во семејна идила во последните десет дена од месецов.
Работа
Амбициозно ќе ја започнете годината. Под влијание на Сонцето, кое ќе го осветлува вашиот сектор на комуникацијата, ќе бидете растрчани на сите страни. Работните денови ќе ви бидат исполнети со средби и преговори, а вие ќе бидете подготвени да одговорите на секој предизвик.
Марс во текот на цел месец ќе патува низ вашиот знак, мотивирајќи ве бестрашно да трчате кон зацртаните цели. Нема да бидете задоволни со малце на финансиски план, но мора да знаете дека со добрата заработка доаѓаат и дополнителни обврски и дополнителен стрес.
Во периодот од 8 до 25 јануари Меркур, планетата на комуникацијата, ќе се движи ретроградно низ вашиот сектор на комуникацијата, зголемувајќи го ризикот од грешки и недоразбирања. Доколку имате важен состанок или презентација, издвојте си повеќе време за подготовка и добро помислете пред да изговорите што било. Избегнувајте да комуницирате со соработниците и колегите преку e-mail. За да го сведете до минимум ризикот за недоразбирања, комуницирајте лице в лице или по телефон. Интонацијата е многу важна.
На 24 јануари полната месечина ќе блесне во вашиот сектор на кариерата и успесите. Околу овој датум ќе слушнете долгоочекувана вест за ваш напредок. Некои шкорпии ќе финишираат важен проект кој ќе им го наполни џебот, други ќе се израдуваат на покачување на платата, трети ќе бидат унапредени. Во секој случај, крајот на месецот е резервиран за успеси.
Здравје
Во првите три недели од јануари ќе бидете особено активни и ќе ја занемарите грижата за здравјето. Бидете повнимателни во периодот 5-8 јануари, кога Меркур ќе се движи ретроградно, бидејќи ги зголемува шансите за настинка и грип, односно болести кои се пренесуваат преку поблиски контакти.
На 20 јануари Сонцето ќе премине во вашата куќа на грижата за себе и семејството, па целосно ќе го промените односот кон вашето тело. Ќе се негувате однатре и однадвор, а тоа ќе се одрази позитивно на вашето физичко и психичко здравје.
Во последните 10 дена од месецот, семејството ќе ви биде извор на среќа. Поминувајте повеќе време со најблиските за да се радувате на одлично емотивно здравје.

{-СТРЕЛЕЦ-}


Љубов
Започнува романтичен месец за вас. Венера, планетата на љубовта, убавината и хармонијата, ќе престојува во вашиот знак до 23 јануари, па ќе зрачите со неодолив шарм и самодоверба. Под чадорот на Венера, ќе се разубавувате повеќе од вообичаено и ќе привлекувате многу повеќе додворувачи од обично.
Не сте во врска? Ова е фантастичен период за да го промените љубовниот статус, бидејќи ќе имате многу шанси за тоа. Ако сте во врска, очекувајте хармонични односи со саканиот. Некои стрелци токму овој месец ќе ја крунисаат својата љубов со свршувачка или ќе започнат да живеат со избраникот.
Во текот на целиот месец Марс ќе патува во вашиот сектор на фантазијата и скриените намери. Големи се шансите да се зближите со лице за кое ќе чувствувате како да го познавате цел живот. Сепак, ова патување на Марс може да доближи до вас лице кое не е максимално искрено. Некои стрелци ќе „паднат“ во мрежата на лице кое лаже, веќе е во врска или нема намера да го исполни она што го ветува. Внимавајте и не ги игнорирајте вашите сомнежи.
Меркур, планетата на комуникацијата, ќе се движи ретроградно во вашиот сектор на секојдневните навики, па во периодот од 8 до 25 јануари можни се чести банални расправии во чија основа ќе бидат мааните и лошите манири на вашиот сакан.
Полната месечина на 24 јануари ќе настапи во вашиот сектор на патувањата и авантурите. Некои стрелци ќе се зближат со личност од странство. На овој ден ќе се убедите дека понекогаш спротивностите најсилно се привлекуваат.
Работа
Трудољубивоста ќе ве турка напред, но планетите предупредуваат да бидете повнимателни со финансиите и деловните ангажмани во текот на јануари.
До 20 јануари Сонцето ќе патува низ вашиот сектор на парите и работата, зголемувајќи ја вашата продуктивност. Мотивирано ќе работите на почетокот на годината, бидејќи ќе си поставите амбициозни цели.
Важно е да се спомене дека Меркур, планетата на комуникацијата ќе се движи ретроградно во вашиот сектор на работата и парите во периодот 8-25 јануари, а Јупитер, планетата на богатството и среќата, ќе се движи ретроградно од 7 јануари па до крајот на месецот. Ваквите ретроградни движења укажуваат на пречки и бавен напредок. Внимавајте колку трошите и бидете подготвени за непредвидени трошоци.
Доколку ви биде понудена нова работа или учество во нов проект, добро е да си дадете неколку недели време за размислување. Не се обврзувајте долгорочно.
Здравје
Ќе бидете дисциплинирани кога станува збор за негување на вашето здравје. Сонцето и неколку други планети ќе патуваат низ вашиот сектор на секојдневните навики и стабилноста, па посветено ќе се менувате кон подобро. Празничната сезона нема да ви ги „скрши“ плановите за редовно вежбање, ниту пак стремежот кон побалансирана исхрана.
Венера, планетата на убавината и хармонијата, ќе патува во вашиот знак до 23 јануари, што значи дека посветено ќе се разубавувате и ќе се радувате на постојан душевен мир. Позитивните емоции ќе преовладуваат.

Страни: 1 2 3 4 5