Хајди Клум : Имам 2000 пара чевли



Германскиот супермодел Хајди Клум докажа дека е манијак на темата чевли и призна дека поседува 2 000 пара кои прераснале во импресивна колекција.


“Малку ми е срам, сигурно имам околу 2 000 пара чевли и постојано собирам и собирам. Претпоставувам звучи ужасно…” , вели ѕвездата.

Како и да е, Хајди тврди дека дизајнерските модели нема да одат во ѓубре, бидејќи има намера да ги предаде на своите ќерки, кои од сега пројавуваат интерес кон модата и претензии кон раскошната гардероба на мајка им.


“20 години во модната индустрија ми донеле купишта чанти и чевли, кои грижливо ги чувам за своите керки, само се надевам да носиме иста големина “, се шегува Клум.

Иако Хајди веќе не е еден од ангелите на “Викторија Сикрет”, таа тврди дека модните ревии и фотосесии за долна облека се меѓу нејзините омилени во модната индустрија.

“Секогаш сум сакала ревии по долна облека, главно бидејќи не морав дополнително да се мачам за облека. Така е многу полесно”, додава русокосата убавица.