Еве неколку причини следниот пат кога ќе видите костен, да земете барем еден



Костените за разлика од други ореви и семиња се релативно нискокалорични, имаат помалку масти, но се богати извори на минерали, витамини и фитонутритиенти кои носат исклучителна корист за здравјето.


Друга уникатна карактеристика на костените е дека тие содржат големо количество скроб. Повеќето ореви имаат високи содржини на протеини, масти и калории. По својот хранлив состав костените можат да се споредуваат со компири, пченка и некои житни култури, богати со витамини и минерали.

Костените се извор на диетални влакна. Влакната го намалуваат нивото на холестеролот во крвта и ја ограничуваат апсорбцијата на вишокот холестерол во цревата.


Костените се богати со витамин Ц (43 мг. витамин Ц на 100 гр. костени). Витаминот Ц е силен антиоксиданс кој го штити организмот од штетните слободни радикали.

Костените се богат извор на моно-незаситени масни киселини како олеинската киселина и палмитолеиновата киселина. Мононезаситените масти го намалуваат нивото на лошиот холестерол и го зголемуваат нивото на добриот холестерол.


Костените се одличен извор на минерали како што се железо, калциум, магнезиум, манган, калиум, цинк и фосфор. Магнезиумот и фосфорот се важни компоненти на коскениот метаболизам. Железото помага при анемија, калиумот го намалува високиот крвен притисок, а натриумот го нормализира срцевиот ритам.

Костените се богати со витамини од групата Б. Во нив се содржат големи количини ниацин, пиридоксин (витамин Б6), тиамин и рибофлавин.

Костените слично на лешниците и бадемите не содржат глутен. Поради тоа се една од најпопуларните состојки за подготвување на храна без глутен за луѓе кои се алергични на него.

Страни: 1 2